Моно Алекс ужива во Италија - бизнисменот позира во одела и вози автомобили со името на регистарските таблички
- Детали
- понеделник, 06 април 2026
Позира на Амалфи, се вози со раскошни автомобили и секаде е во одела... Моно Алекс сака да ги „покаже“ парите на Инстаграм и да води хедонистички стил на живот.

Ацо Николовски од Штип на Инстаграм е познат како „Моно Алекс“ (Mono Alex) и има повеќе од 139.000 следбеници, пред кои секојдневно го презентира својот луксузен животен стил.

Станува збор за македонски бизнисмен, кој се занимава со градежништво и хотелиерство во Грција, но и во целиот регион.
На Инстаграм се прослави со видеата на кои се гледа дека е вистински хедонист и во животот на прво место му е уживањето.

Сега, тој е на патување во Италија и објавува фотографии и видеа оттаму. Од Амалфи до Алберобело, тој ужива на разни локации.

Инаку, Ацо обожава раскошни автомобили, а на дел од нив има и регистарски таблички со својот прекар „Моно Алекс“.

Во една пригода Ацо Николовски за CRNOBELO.com изјави:
„Сакам луксузен животен стил, едноставно сакам убав живот и тоа и го презентирам на Инстаграм.
Веќе со години во најголем дел од годината живеам во Солун, но во зависност од потребата на моите бизниси, во периоди од годината живеам и на Халкидики и Миконос, како и во Скопје, а зимските месеци задолжително ги користам за престој на топли места.
Но, Солун дефинитивно ми е најубав град за живот во регионот.
Инстаграм профилот го водам од 2018-та година и таму презентирам сè што ме исполнува, од автомобили и мода до патувања. Автомобилите ми се страст, имам 5-6 во својата колекција.
Во животот ме исполнува буквално сè што е убаво“.

