Лила позира во Њујорк пред станот на Кери Бредшо: „Сопственикот сака да се спаси од такви како мене, го запознав“
- Детали
- вторник, 14 април 2026
„Со оглед на тоа што во овој апартман си живее семејство, за да се „спасат” од секојдневните посети и сликања (како мене на пример), луѓево си ставиле ограда. Дури имавме можност да поразговараме со сопственикот кој излезе во меѓувреме и нè покани во негов ресторан“ – напиша Лила за видеото во стилот на „Сексот и градот“, а објави и други моменти од посетата на Њујорк.

Лила Филиповска моментално го живее американскиот сон и е на туристичка посета во САД, каде ја пречека нејзиниот долгогодишен пријател Дамјан Дренковски.

Деновиве таа редовно објавува фотки од Њујорк, облечена во впечатливи стајлинзи и позира на некои од најпознатите туристички знаменитости.
„Мојата „американска турнеја” започна денес од родниот град на легендарниот Френк Синатра, Hoboken. Дел од метрополата Њујорк се наоѓа на реката Хадсон.
Без големи гужви и сообраќај, место за уживање со најубавиот поглед на New York skyline.
Паркот Sinatra изграден во чест на легендарниот пејач е место кое мора да се посети и не пропуштив прилика да се сликам со неговата бронзена статуа.
Животот е убав“ – напиша таа на првата објава.

Следните денови Лила позираше и среде Бруклинскиот мост, но и качена на него, а во описот на своите фотографии споделува интересни факти за местата кои ги посетува.
„Ете седнав и на Brooklyn bridge!

Мостот ги поврзува двата дела на градот – Менхетн и Бруклин – и бил клучен за развојот и проширувањето на Њујорк.
Замислете изграден во 1883 година, мостот бил еден од првите висечки мостови од челик во светот.
Тој претставувал огромен технолошки напредок за тоа време. Тој е симбол на градот и секако дека го испешачив“.
Една од поинтересните објави, беше видеото на кое таа преминува улица и седнува пред познатите скали од зградата каде живееше Кери Бредшо во култната серија „Sex And the City“.
Кери Бредшо
Во опис на видеото кое е со препознатливата музика од најавната шпица на серијата, Лила сподели забавен момент за семејството кое всушност живее таму.
„Оние кои ја гледале серијата „Sex and the city” ќе ја препознаат локацијата и овие скали каде што снимав.
Улицата каде што живее Carrie Bradshaw од серијата „Sex and the City“ е:
66 Perry Street, во New York City (во населбата West Village).
Иако во серијата адресата се спомнува како Upper East Side, вистинската локација на снимање е токму оваа улица, која денес е многу популарна туристичка атракција.

Со оглед на тоа што во овој апартман си живее семејство, за да се „спасат” од секојдневните посети и сликања (како мене на пример), луѓево си ставиле ограда и има кутија за донација за нивните домашни миленици за секој што се слика тука.
Дури имавме можност да поразговараме со сопственикот кој излезе во меѓувреме и нè покани во некој ресторан чиј сопственик е тој и рече дека ете мора да се навикне на секојдневните посети на туристите.
Искрено убаво е чувството кога знаеш дека дел од сцените на оваа култна серија се снимени тука.
Благословена сум“.
Погледнете го видеото:
Повеќе фотки од Лила во Њујорк:

