Зорица Атанасова: „Денес е 20-ти ден откако мојот сопруг Ангел живее нов живот - му беше трансплантиран црн дроб“
Сега е извршен првиот контролен преглед на Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија каде мојот сопруг со години се лекуваше, токму таму каде што пред две години во неколку наврати се водеа натчовечки напори да се спаси неговиот живот, за на крај да се констатира дека трансплантацијата е единствената шанса да се преживее.
Зошто имам потреба да го споделам овој момент со сите Вас?
Затоа што имам измешани чувства на возбуда и радост, на страв и загриженост со што се соочувавме сите овие денови... Затоа што во исто време ја спознавме тежината на болката од безизлената состојба во која се наоѓавме и моќта на надежта која ни го смени животот преку ноќ.
Затоа што сега, кога дојдовме до момент на радост сè посериозно размислуваме за постојаните апели на медицинските лица да вложиме натчовечки напори, да се издигнеме над болката и со одлуката да донираме орган да успееме да спасиме живот...

Уште еднаш упатуваме јавна благодарност на комплетниот медицински персонал кој даде сè од себе нашата животна приказна да биде успешна.
Македонија треба да се гордее со стручниот медицински кадар што го има!
П. С. Еден ден, сè ќе биде така како што е запишано таму горе, меѓу ѕвездите!“
С. С. | Црнобело