Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас денес го запознав“
- Детали
- петок, 04 јули 2025
„Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас денес го запознав и ми легна на срце. Се вика Константин и тежи 3 кила и 200 грама. И е мојот втор син. Фала му на Бога што ми даде две дечиња и фала ѝ на Александра што ми ги износи“ - рече доктор Горан, кој живее и работи во Германија.

Доктор Горан Трајковски се прослави на Инстаграм со видеата и објавите во кои ги едуцира своите следбеници на теми од медицината, но и со забавното прикажување на неговото секојдневие во Германија.
И овој пат, на забавен начин, тој на своите следбеници им соопшти убава вест, дека во семејството добиле принова.
Сега, тој и неговата сопруга Александра, освен првородениот Себастиан, имаат уште еден член, синот Константин.

Доктор Горан го снима видеото заедно со Себастиан, кој се забавува околу него, додека тој вели:
„Драги пријатели, денес имам возбудливи вести. Денес сум во болница, но облечен во цивил и сакам да ви претставам еден дечко што и јас денес го запознав, а одма ми легна на срце.
Се вика Константин и тежи 3 кила и 200 грама. И е мојот втор син. Ќе го донесеме да го видат? Епа добредојде на светот сине мој.
Фала му на Бога што ми даде две дечиња и фала ѝ на Александра што ми ги износи.
Да сме сите живи и здрави!“
Горан го држи новороденото синче во прегратка, додека покрај него е и постарото братче, а на Стори објави и видео на кое трча со Себастиан и напиша: „Брзаме братчето да го види“.

Кликнете на видеото за да го погледнете соопштувањето на веста:
М. М. | Црнобело
