„Бутик за лук“ е најкул тезгата на Зелен пазар во Скопје, Maкедонка восхитена споделува детали
- Детали
- вторник, 05 мај 2026
Најкул тезгата на зелен пазар, каде ќе научите сè за лукот е „Бутик за лук“ на чичко Бранко. Маја Дукова, вљубеничка во здравата храна, вели: „Чичкото е енциклопедија за лук во буквална смисла“.

Maja Дукова на својот Инстаграм профил „Let's Cook Delights | Healthy & Easy Meals“ постојано споделува лесни и убави рецепти, но открива ѝ дека свежите намирници обожава да ги набавува од пазарите во Скопје.
Овојпат таа на Инстаграм сподели дека е воодушевена од тезга на „Зелен пазар“ во Скопје, која ја посетува одново и одново.
Станува збор за тезгата со препознатлив напис „Бутик за лук“ на Бранко Бакарџиев.
Маја вели дека тој е вистинска енциклопедија за лук и кај него има најразлични видови.
Таа споделува:
„Ова не е никаква реклама. Тие што ме следат подолго знаат за моите чести споделувања за тоа дека мора да се прави разлика меѓу нашиот и кинескиот лук. Разликата е голема.
А овде на „Зелено пазарче“, барајте ја тезгата „Бутик за лук“ и слушнете мноогу информации за тоа.
Чичкото е енциклопедија за лук во буквална смисла. Го има во различни форми, а има дури и од црниот дехидриран лук кој дава неверојатен шмек во секоја манџичка, покрај здравствените бенефити“.


С. С. | Црнобело