Здравко Чолиќ на гости кај Перо Мрзенци - Ручек на омиленото место, пријателство што трае со децении

Кога е кај нас, Здравко најчесто избира да оди на ручек или вечера кај луѓето со кои, со текот на времето, освен взаемно почитување, изградил и вистинско пријателство. А еден од нив е и сопственикот на ресторанот „Мрзенци“, Перо, со кого се дружат со децении.

zdravko-cholikj-na-gosti-kaj-pero-mrznenci-vo-skopje-ruchek-na-omilenoto-mesto-prijatelstvo-shto-trae-so-decenii-01.jpg

Балканската ѕвезда, Здравко Чолиќ е чест гостин во Македонија - некогаш поради концерт, настап на приватна забава или само на поминување низ земјава.

И иако вели дека не постои место кај нас кое не му се допаѓа, Чола не крие дека ресторанот Мрзенци му е еден од омилените кај нас, а тоа го кажа и во интервјуто за CRNOBELO.com:

„Не 3 има 300 работи во Македонија што ми се допаѓаат најмногу. Да речеме македонските девојки, жени... Следни ми се Охридско Езеро и пастрмката, јагнешкото во Гевгелија, во Мрзенци, а не можам да ги заобиколам ни македонскиот темперамент и музиката кои ми се високо на листата“, рече тогаш тој.

zdravko-cholikj-na-gosti-kaj-pero-mrznenci-vo-skopje-ruchek-na-omilenoto-mesto-prijatelstvo-shto-trae-so-decenii-06.jpg

Здравко токму затоа и најчесто избира да оди на ручек или вечера кај луѓето со кои се познава и се дружи со години, и со кои со текот на времето, освен взаемно почитување, изградил и вистинско пријателство.

А еден од нив е и сопственикот на ресторанот „Мрзенци“, Перо, кој со Здравко негува пријателство што трае со децении.

zdravko-cholikj-na-gosti-kaj-pero-mrznenci-vo-skopje-ruchek-na-omilenoto-mesto-prijatelstvo-shto-trae-so-decenii-03.jpeg

Па кога пред неколку дена Здравко дојде во земјава, отиде во ресторанот на Перо, а фотографиите од нивната средба беа споделени на Инстаграм профилот на ресторанот, но и кај сопственикот Перо.

„Пријателство... Перо и Чола“, пишува во описот на фотките.

Иако добија многу коментари дека се прекрасни луѓе и двајцата, некој на шега праша „Кој е човекот застанат покрај Перо?“.

zdravko-cholikj-na-gosti-kaj-pero-mrznenci-vo-skopje-ruchek-na-omilenoto-mesto-prijatelstvo-shto-trae-so-decenii-05.jpeg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...

Најчитани неделава