Лидија Кочовска: „Јас, Тања и татко ми добивме дијабет во исто време - кога мајка ми со Алцхајмер се изгуби“
- Детали
- понеделник, 11 мај 2026
„Тоа се случи кога мајка ми се изгуби, таа беше со Алцхајмерова деменција и првото нејзино губење кога ја баравме по социјални мрежи - практично првиот пат кога беше ударно“, откри Лидија Кочовска.

Пејачката Лидија Кочовска, еден од најдобрите женски вокали кај нас, долго време нема нова песна, но и понатаму е препознатлива и по моќниот вокал и по семејното музичко наследство.
Помалата сестра на Тања Кочовска, а ќерка на Панче и Невена Кочовски од познатата група „Мањифико“, гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“, каде што откри дека има дијабет.
Таа кажа дека дијабетот ѝ се појавил од стрес.

И не само на неа, туку и на сестра ѝ и на татко ѝ, на тројцата им се појавил дијабет во ист момент, кога во време на корона, нејзината мајка, која имаше Алцхајмерова болест, се загуби.
„Дијабетот се појави кај сите тројца во исто време, кај мене, кај Тања, кај татко ми.
Тоа се случи кога мајка ми се изгуби, она беше со Алцхајмерова деменција и првото нејзино губење кога ја баравме по социјални мрежи, практично првиот пат кога беше ударно“, откри Лидија.

Невена, со помош на нивните пријатели и следбеници на социјалните мрежи беше пронајдена, но се чини, стресот си го направил своето.
За потсетување, Невена Кочовска почина на 81 година, во август 2022-ра.

Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело