Габриела Јанческа имала 20kg на една година, а 131kg на 23: „Бубрегот од левата страна ми беше откачен од салото, сега сум минус 60kg“
- Детали
- среда, 13 мај 2026
„Родена сум како бебе со нормална тежина, на 1 година сум станала 20kg, а на 23 години имав повеќе болести од мојата баба. Од чворови на тироидната до инсулинска резистенција“, вели Габриела Јанческа (26) која симнала 60kg, по природен пат.

Габриела Јанческа (26), фризерка по професија и мајка на едно дете, гостуваше во емисијата „Нешто Конкретно“ каде ја сподели својата реална приказна.

Габриела е девојка која во еден миг од животот тежела 131 килограм на своите 160 сантиметри висина, но успеала да симне дури 60 килограми.

Таа е родена е како бебе со нормална тежина, но на една година стигнала до 20 килограми.

Вели дека во тоа време сите велеле „црвено, бело, румено, слатко“ бебенце и ѝ давале да јаде.
На моменти ги обвинувала своите родители, но во тоа време некако се верувало дека така им се дава љубов на децата.
Инаку, генот за гојазност го носи од страна на семејството на мајка ѝ.

Габриела вели:
„На 23 години имав повеќе болести од мојата баба. Од чворови на тироидната до инсулинска резистенција. Но, и проблеми со бубрегот.

Бубрегот од левата страна ми беше откачен и беше преместен на десната страна под десниот бубрег“.

Снеже ја запраша: „Заради дебелината се изместуваат органите или како?“
„Лекарите така рекоа, дека најверојатно поради тоа сало што било обвиено околу органите, левиот бубрег се има откачено и се има поместено.
