Виктор Апостоловски ќе стане татко: „За некој ден Милена влегува во 9-ти месец, уште немаме име“

„Милена си оди на работа, си функционира одлично, е сега млаце побавно се движи, ама не е страшно. За неколку дена влегуваме во 9-ти месец, така што возбудата веќе почнува да расте“, вели Виктор Апостоловски за CRNOBELO.com.

viktor-apostolovski-kje-stane-tatko-01.jpg

Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сопруга, наскоро ќе станат родители - тие го очекуваат своето прво дете.

Милена е веќе во поодмината бременост, а меколку недели пред раѓањето на бебето, тие направија фотосесија на која се гледа и трудничкото стомаче на Милена.

viktor-apostolovski-kje-stane-tatko-03.jpg

Таа, блеска во бременоста, а Виктор, пак ни откри дека наскоро ќе влезе во деветтиот месец.

„Фала богу, бременоста минува ептен лесно, без стресови, напнатости и без проблеми!

Милена си оди на работа, си функционира одлично, е сега млаце побавно се движи, ама не е страшно!

За неколку дена влегуваме во 9ти месец, така што возбудата веќе почнува да расте! 

И на прашањето кое сите се изгорени да го знат, не, уште не сме смислиле име!

Ама здравје боже и тоа ќе биде! И сигурен сум дека ќе биде звучно“, вели Виктор за CRNOBELO.com.

viktor-apostolovski-kje-stane-tatko-04.jpg

Виктор и Милена се во брак од 2023, а нивната љубовна приказна почна кога се запознаа во маркет во Битола, од каде што се двајцата.

За потсетување, публиката го запозна Виктор преку шоуто „Македонски идол“, а еден од неговите најголеми успеси во кариерата е песната „Супермен“, со која се натпреваруваше на домашниот избор за Евровизија.

Повеќе фотографии:

viktor-apostolovski-kje-stane-tatko-06.jpg

viktor-apostolovski-kje-stane-tatko-07.jpg

viktor-apostolovski-kje-stane-tatko-05.jpg

Прочитајте и Љубовната приказна на Виктор Апостоловски и Милена: „Се запознавме во маркет, ми била фан како дете и имала мој постер“

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Слаткар брутално искрен: „Велеа дека сум наркоман поради говорната маана, а јас бев среќен што не зб... „Добро е, нека зборат дека сум наркоман, само да не зборат дека д’ткам. Замисли ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава