Македонка има сопруг од Нигерија и живеат во Скопје: Снимаат забавни видеа, растат билингвално дете
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
Од љубов на прв поглед во Дубаи до брак во Скопје... Лаурел Ебходагхе од Нигерија во име на љубовта кон Стефана ја прифатил Македонија како свој дом. Нивниот син Kиан наскоро полни 2 години, а во нивниот дом е позабавно од кога било... Погледнете дел од нивните забавни видеа.

Македонката Стефана и сопругот Лаурел Ебходагхе од Нигерија се запознале во Дубаи, a сега парот живее во Скопје со нивниот син.

Тие на социјалните мрежи споделуваат детали од нивното секојдневие, вклучувајќи и забавни мигови кога Лаурел првпат пробува некое македонско јадење или, пак, учи за некоја наша традиција.

Како што вели Стефана, средбата била љубов на прв поглед, а таа во интервју за CRNOBELO.com, раскажа за нивниот живот овде, а откри и како се снаоѓа сопругот во потполно различна средина од онaа на којашто бил навикнат.

Инаку, сега на Инстаграм тие споделија забавно видео со нивниот син на тема дали е папагал или „parrot“, односно како изгледа растењето на билингвално дете, односно дете кое расте со два јазика и може да ги разбира и користи и двата.