Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам многу приватност“
- Детали
- среда, 03 јуни 2026
„Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната кога имавме полициски час, кога седевме дома, јас буквално и се породив во полициски час, па сопругот нe го ни пуштија да го види бебето. Втората бременост дојде многу брзо, и пак беше во корона. Само 18 месеци се разлика моите синови“, вели пејачката и докторка Симона Поповска и со саканиот слави годишнина.

Пејачката и докторка Симона Поповска (34) прослави 5 години брак со саканиот Кристијан, а на фотографиите што ги сподели на Инстаграм Стори покрај нив се и двата сина.
Таа години наназад ја живее својата семејна идила, без притоа премногу да прикажува детали од својот приватен живот.

Токму, во неодамнешното гостување во подкастот на Антонио Димитриевски, Симона проговори зошто не споделува премногу детали од приватноста.

Пејачката и докторка ги доби двата сина во време на корона, а покрај со музичките ангажмани, таа неретко е ангажирана и патува и во име на надградувањето како специјалист по дерматологија.

Симона во подкастот „Ништо лично“ на Антонио Димитриевски, на тема дали и зошто ги криела веридбата и свадбата вели:
„На пример моите веридба и свадба не ги криев воопшто, но не се знаеше затоа што јас сум човек кој општо не споделува многу приватност.
Сметам дека вас денеска ништо нема да ви смени, ако знаете мене што ми се случувало во животот, ме разбирате?

Она што, на пример, јас треба да го пласирам во јавноста е тоа што го творам како музика и што сакам да го дадам и луѓето да ме знаат по тоа. Или еве во медицината – како јас сум стручна за тоа.
Меѓутоа и кога зборуваме за естрадата - да им се допаѓам како личност заради мојот приватен живот, тоа не го сакам.

Заради тоа и не сум го пласирала тоа така.
Сите што биле околу мене и сите соработници, јас никогаш пред нив не сум криела ништо, ниту од оние што се дружат со мене.
Меѓутоа, не сум од тој тип сега да одам на Инстаграм и да кажам утре правам свадба.