Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам многу приватност“

Не, затоа што сметам дека тие се некои моменти кои се баш за мене.
Откога ќе се случи, да, вие ќе можете да видите, затоа што не сметам дека на некој би му сменило или би му значело нешто да го покажувам јас мојот процес на спремање и како тоа изгледа“.

На тема бременоста, Симона вели:
„Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната кога имавме полициски час, кога седевме дома, јас буквално и се породив во полициски час, па сопругот мој не ни го пуштија да го види бебето и така натака.
Заради тоа, а не дека сум ја криела намерно бременоста.

Потоа, втората бременост дојде многу брзо, и пак беше во корона, затоа што 18 месеци се разлика моите два сина.
Корона бебиња се, заради тоа беше така, не сум имала можност да гостувам во некоја емисија тогаш“.
Погледнете го гостувањето на Симона во „Ништо лично“:
С. С. | Црнобело