Родителите му починале кога бил млад, имал проблеми со коцкање - Кој е Бојан Илиевски, победникот на „Ѕвездите на Гранд“?
- Детали
- сабота, 27 јуни 2026
„Имав грдо минато, но тоа е веќе минато. Тоа е зад мене благодарение на мојот ментор и целиот тим. Секој ден ми кажуваа за тоа. Натпреварот беше причината зошто престанав да се коцкам. Губев големи пари. Никогаш не калкулирав - заработував, но изгубив и нешто што ми беше останато од моите родители“, рекол Бојан по победата.

Македонците се чини се неприкосновени во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а оваа година за победа се бореа Бојан Илиевски од Скопје и Мирјана Митрева од Кавадарци.
Победничкиот трофеј на крајот го крена Бојан, кој освои најмногу СМС гласови од публиката од целиот регион.

Бојан по ова изјави дека не ја очекувал победата, а неговиот ментор, Ѓорѓе Давид откри дека среде натпреварување сакал да се откажи, поради проблеми со коцкањето.
„Искрено, не очекував да победам, не знам што да кажам. Ова е најгледаната емисија во Македонија, затоа се Македонците најактуелни со гласањето.
Дадов сè од себе за време на натпреварувањето. Имаше многу предизвици, одење на проби и враќање на секојдневните обврски, а седмата рунда беше најтешка за мене“, признал тој.

Што знаеме за Бојан од Скопје, победникот на „Ѕвездите на Гранд“?
Бојан е музички образован - одел во нижо и средно музичко училиште, а студирал и на Музичката академија во Словенија.
Но, освен со гласот, тој ја освои публиката и со искреноста за својот тежок животен пат - загубата на двајцата родители, растењето со својата баба, но и борбата со пороците.
Неговиот татко починал од тумор на мозокот додека Бојан бил млад, а и неговата мајка се борела со тешка болест, но не успеала да ја победи, па Илиевски рано останал без двајцата родители.

Тие имале и големи финансиски тешкотии, а Бојан признава дека во најтешките денови, додека се молел само татко му да остане жив, имале 50 евра дома за да преживеат.
По загубата на родителите, негова единствена утеха, поддршка и животна поддршка му станала бабата, мајка на неговата мајка, која постојано го придружуваше на снимањето на емисијата.

По победата на Бојан, неговиот ментор Ѓорѓе Давид откри дека македонскиот пејач сакал да се откаже од шоуто.
„Во петтата рунда сакаше да излезе. Имаше проблем со главата, тој проблем се викаше коцкање.
Без да размислува што е семејство, што се посебни моменти и за што го создал Бог, тој отиде под мраз. Мислам дека коцкањето е најголемиот проблем.