Маја Кикириткова: „Моите деца, дали се возат 1km или 1.000, знаат дека кога се влегува во aвтомобил - прво појас“
- Детали
- четврток, 02 јули 2026
„И во Србија и во Хрватска поминавме многу брзо. Во Хрватска сликаат само возрасни, отпечатоци од прсти не зимаат. Моите деца од кога се родени се возат во седиште, а сега кога се пораснати, Лазар само врзан, бидејќи има над 140cm висина, а Ева во бустер“, вели Маја Кикириткова за патувањето до кампот во Хрватска.

Маја Кикириткова со сопругот и двете деца годинава, исто како и минатата, заминаа на одмор во кампот Полари во Хрватска, кој се наоѓа во мирно заливче, јужно од Ровињ.

Таа им одговараше на прашања за своите следбеници, па сподели детали за одморот, но и за нивните семејни навики на пат.

На тема границите, Маја вели:
„И во Србија и во Хрватска поминавме многу брзо. Во Хрватска сликаат само возрасни, отпечатоци од прсти не зимаат.

Пред нас имаше 5 автомобили, поминавме за 10 минути граница.
На обиколница во Загреб имаше сообраќајка, па имаше огромни колони по автопатот и таму заглавивме скоро два часа, за разлика од лани каде поминавме без никаков проблем.
Лани патувавме 11.5h, годинава околу 14h“.


На тема дали децата прават проблеми за носење појаси на вака долг пат вели...
„Моите деца од кога се родени се возат во седиште, а сега кога се пораснати, Лазар само врзан, бидејќи има над 140cm висина, а Ева во бустер.

Без разлика дали се возат 1km или 1.000km, знаат дека кога се влегува во aвтомобил, прво зимаме појас и се врзуваме.
