Девојче од мајка Кенијка и татко Македонец ја учи баба си македонски во двор во Скопје – Баба ѝ првпат дошла од Кенија
- Детали
- четврток, 02 јули 2026
Малата Дарија се труди да ја научи баба си да каже: колачиња, столче, јајца, а видеото е преслатко. Дарија е ќерка на водителката Емакулате Вандера Блажеска и тату артистот Михајло Блажески. „Јас сум и официјално македонско девојче“, напиша Емакулате на Инстаграм кога доби македонски пасош во 2023-та и позираше во наша носија.

Емакулате Вандера Блажеска во име на љубовта живее во Македонија од 2018 година, но за првпат нејзините родители ја посетуваат тука, сега во 2026-та.

Водителката од STARS ТВ шоуто вели: „Поминаа години, но сега кога се пензионирани моите родители конечно го остваруваат ова патување во Македонија“.

Емакулате живее во Скопје со својот сопруг Михајло, со кого ја има и ќеркичката Дарија.
Веќе имаме разговарано со неа за тоа кои ѝ беа првите впечатоци за Македонија и како ѝ изгледа животот во Скопје (прочитајте ТУКА), но потоа со своите забавни видеа таа стана ѕвезда на социјалните мрежи, а сега веќе ја гледаме и во улога на водителка на нашите ТВ екрани.


Нејзината ќеркичка Дарија е копија на мама и сега со задоволоство ја угости баба ѝ од Кенија која доаѓа првпат, а во дворот од својот дом во Скопје ја учи да зборува македонски.

Таа се труди да ја научи баба си да каже: колачиња, столче, јајца, а видеото е преслатко.

Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело