Приказната на Васил Хаџи-Јорданов: Бил професор на Универзитет во Америка, но одлучил да се врати во родното Кавадарци
- Детали
- четврток, 02 јули 2026
Васил Хаџи-Јорданов, професор, цели 20 години живее, работи, создава и е директно инволвиран во образовниот свет во Америка. Но, одлучува да напушти сè и да се врати да живее во родното Кавадарци. Слушате ли многу вакви приказни?

Васил Хаџи-Јорданов e професор во Македонија на еден од приватните универзитети и професор во Америка на Универзитет во Аризона.
Васил е кавадарчанец, роден и израснат таму. Прво студирал во Скопје, но во 1999-тата година решил да ги напушти студиите и да се запише на факултет во Америка, односно во Флорида.
Студиите и животот му оделе во нагорна линија, завршил две магистратури и самиот станал професор на универзитет во Америка.

Паметен, образован и жеден за уште, Васил успешно гради кариера како професор, но и како основач на сопствена компанија во Америка.
20 години живее, работи, создава и е директно инволвиран во образовниот свет и систем преку големата бара.
Но, одлучува да напушти сè и да се врати да живее во родното Кавадарци.
Зошто ќе дознаете во најновото издание на подкастот „Marija vo Amerika“ на YouTube.

Како директно инволвиран со универзитетите и студиите, Васил открива кои професии се бараат на пазарот, а кои се во исчезнување.
Тој дава совет на кои смерови би било убаво да студираат идните студенти и каде има недостиг од кадар.
Погледнете го неговото гостување:
С. С. | Црнобело