Почина таткото на Васил Зафирчев, актерот скршен од болка - И Калиопи му посвети порака: „Патувај тато Тале наш“
- Детали
- петок, 27 февруари 2026
„Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето“, напиша Васил во пораката до својот татко Трајче.

Актерот Васил Зафирчев со емотивна порака преку социјалните мрежи откри дека починал неговиот татко, Трајче Зафирчев.
Васил објави фотографија од татко си, на која се гледа колку многу си личат таткото и синот, па скршен од болка се прости од него.

Во својата порака, тој напиша:
„Во чест на татко ми, Трајче Зафирчев, кој денес, после кратко и тешко боледување, го испративме на неговото последно патување.
Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето.
Сето останато е вечно сегашно време исполнето со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене.
До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина! Среќен пат до дома татко мој!“.
Смртта на поранешниот свекор ја погоди и Калиопи, која беше во брак со Васил од 2004 до 2011 година.
Таа на Инстаграм стори објави негова фотографија, со порака „Патувај тато Тале наш“.

А. Ј. | Црнобело