Сопругата на Дарко Велковски, Тамара Чуприна, прослави 30-ти роденден – двата сина покрај нив, декорации со црни панделки
- Детали
- понеделник, 06 јули 2026
Тамара Чуприна го прослави 30-тиот роденден облечена во мини црно фустанче, а дувна свеќички заедно со сопругот, фудбалерот Дарко Велковски и нивните два сина – просторот и тортата беа украсени со мини црни панделки, а славеничката запеа на микрофон.

Сопругата на нашиот фудбалер Дарко Велковски, Тамара Чуприна, го прослави својот 30-ти роденден.
Викендов таа имаше роденденска забава во кругот на најблиските, а славеничката како и секогаш, блесна во совршено издание, облечена во мини фустанче со светкави штикли, кои потоа ги замени за рамни влечки со црно-бел дезен.


Просторот беше украсен со бели балони дополнет со црни големи и мали панделки, слично како и тортата која имаше црни свеќи и мини црни панделки.

Како и секогаш, покрај неа беа сопругот и нивните два сина, Ведран и Видан, па заедно ги дувнаа свеќичките и уживаа во роденденската атмосфера.

На видеата кои Тамара ги сподели на Инстаграм Стори можеше да се забележи нејзиното одлично расположение, а во еден момент дури и запеа за своите блиски.


Уште неколку фотки:





Инаку, парот направи официјална свадбена прослава во јуни 2023, година и пол откако претходно се венчаа во матично, додека го очекуваа првото дете.
Ведран се роди во февруари 2022, a Видан во јуни 2024 година.
М. М.| Црнобело