Едина Муса сама пешки отиде во болница: „Ќе правам шеста операција на коленото“
- Детали
- понеделник, 06 јули 2026
„Кој иде на операција сам пешки со ранче (ха, ха)? Ако ништо друго, овие два дена ќе си ја дочитам книгата“, напиша Едина Муса на Инстаграм Стори, која објави и фотка од болничкиот кревет.

Едина Муса, е жена која никогаш не се откажува од вежбањето и здравиот начин на живот, освен, кога поради непредвидени околности не смее да оди во теретана.
Таа вежбаше и неколку дена пред да го роди синот.

А брзо по породувањето се врати на својата рутина и за кратко време се врати во топ форма.
Но, Едина сега ќе мора повторно да направи пауза, овој пат поради операција на коленото.

Таа, вчера на Инстаграм Стори објави видео од теретана, во кое рече:
„Ова е последниот тренинг пред операција, моја шеста операција на коленото, благодарение на сите тие напорни тренинзи кои ги имав во Америка.
Малкумина од вас знаат дека кога игравме финале со Струга, на првата утакмица го повредив менискусот, и притоа играв уште две утакмици повредена, односно не можев да трчам, имав болки, имав сецкање во коленото.
При вежби со тежина немам никаков проблем, меѓутоа сум тотално ограничена за какво било трчање, менување на правец, таа што уживам во овие моменти пред операција, за која го спремив телото“.

Утрово таа самата отиде во болница, па објави и селфи, и се пошегува на своја сметка.
„Кој иде на операција пешки со ранче (ха, ха)“, напиша на Инстаграм Стори.

Потоа објави и фотка легната во болничкиот кревет.
„Ако ништо друго, овие два дена ќе си ја дочитам книгата“.

А. Ј. | Црнобело