Наша адвокатка: „Татковци имаат побарано од мене да ја испитам можноста за откажување од нивните деца - НЕ постои“

„Досега неколкупати во адвокатската пракса од мене беше побарано да ја испитам можноста за откажување на таткото од своите деца, би сакала да појаснам дека доколку под „откажување од биолошки деца“ се мисли на тоа таткото доброволно да престане да биде татко на своите деца и да се откаже од статусот родител, тогаш во Македонија таква постапка НЕ ПОСТОИ“, вели адвокатката Анита Пешова и споделува детали.

nasha-advokatka-nekolkupati-tatkovci-od-mene-pobaraa-da-ja-ispitam-mozhnosta-za-otkazhuvanje-od-nivnite-deca-01.jpg

Анита Пешова е наша адвокатка, со свое адвокатско биро во Скопје, која отворено говори на многу теми, а сега на својот Фејсбук профил сподели за ситуации со татковци кои сакале да ја истражат можноста да се откажат од татковството и од своите деца.

Сепак, Анита вели дека по закон тоа не е возможно и нагласува само во какви ситуации може да се изведе.

nasha-advokatka-nekolkupati-tatkovci-od-mene-pobaraa-da-ja-ispitam-mozhnosta-za-otkazhuvanje-od-nivnite-deca-04.jpg

Нејзината објава за законите во Македонија на тема откажување од татковство:

„ПОСТАПКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ДЕЦА (ОД ТАТКОВСТВО)

Бидејќи досега неколкупати во адвокатската пракса од мене беше побарано да ја испитам можноста за откажување на таткото од своите деца, би сакала да појаснам дека доколку под „откажување од биолошки деца“ се мисли на тоа таткото доброволно да престане да биде татко на своите деца и да се откаже од татковството или од статусот родител, тогаш според правото и позитивните законски прописи кои важат во Македонија, таква постапка НЕ ПОСТОИ.

Единствениот правен начин неговите родителски права и обврски да престанат е само доколку неговите деца бидат посвоени од страна на други лица.

Татковството не може едноставно да се „откаже“ со изјава, договор или нотарски акт.

Родителските права и обврски се уредени со закон и постојат заради заштита на интересите на детето.

nasha-advokatka-nekolkupati-tatkovci-od-mene-pobaraa-da-ja-ispitam-mozhnosta-za-otkazhuvanje-od-nivnite-deca-03.jpg

Постојат неколку различни правни ситуации:

1. Оспорување на татковство

Доколку лицето смета дека не е биолошки татко, може да поведе постапка за оспорување на татковството пред суд, во законските рокови предвидени со семејното законодавство.

Во оваа постапка најчесто се изведува ДНК вештачење.

2. Лишување од родителско право

Доколку таткото грубо ги занемарува своите должности или го злоупотребува родителското право, судот може да донесе одлука за одземање на родителско право.

Важно е да се знае дека:
- Тоа не е доброволно откажување;
- Судот одлучува за одземањето;
- Дури и кога родителот е лишен од родителско право, обврската за издршка (алиментација) НЕ ПРЕСТАНУВА.

3. Посвојување од друго лице

Доколку на пример, мајката има нов сопружник кој сака да го посвои детето, можно е:

- Биолошкиот татко да даде согласност за посвојување;

- Со правосилното решение за посвојување престануваат неговите родителски права и обврски, а новиот посвоител станува законски родител.

Ова е единствената ситуација во која биолошкиот татко престанува да биде законски родител на децата.

По правосилното решение за посвојување:
- Престануваат неговите родителски права и обврски;
- Посвоителот станува законски родител.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таткото на Надица од Кочани, на денот кога требаше да слави матура: „Каде и да си, за мене ќе си нај... „Домот требаше да е полн со смеа, музика. Требаше да гледам како се подготвуваш,...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Ивона Јо истрча трка во чест на починатиот татко: „Се надминав себе и своите стравови“ „После трката ми пристапија жени, девојки кои ми кажаа дека сум трчала и за нивн...
Таткото на Надица (17) која загина во Кочани, го објави нејзиното последно видео: „Ја чекам во сониш... „Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене - тоа беше последниот здив ...

Најчитани неделава