Таткото на Надица (17) која загина во Кочани, го објави нејзиното последно видео: „Ја чекам во соништата - таму каде што не гори“

„Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене - тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај“, пишува во пораката таткото Александар Наунов.

tatkoto-na-nadica-17-koja-zagina-vo-kochani-go-objavi-nejzinoto-posledno-video-ja-chekam-vo-sonishtata-tamu-kade-shto-ne-gori-01.jpg

Александар Наунов е еден од многуте родители кои ги загубија своите деца на кобниот 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тој остана без 17-годишната ќерка Надица, која беше една од жртвите во пожарот, кој го зави Кочани во црно, но и цела Македонија.

Оттогаш животот на Александар, на сопругата Габриела и нивната помала ќерка Ангела, веќе не се исти.

Болката која ја чувствува овој татко, повремено ја споделува и јавно, објавувајќи фотографии и пораки за својата ќерка.

tatkoto-na-nadica-17-koja-zagina-vo-kochani-go-objavi-nejzinoto-posledno-video-ja-chekam-vo-sonishtata-tamu-kade-shto-ne-gori-04.jpg

Овој пат, Александар објави видео, направено од безбедносната камера пред нивната влезна врата, на кое се гледа како Надица излегува, ја заклучува вратата и тргнува по улицата.

Со видеото, тој сподели уште една трогателна порака за својата ќерка, која загина пред скоро 8 месеци.

„Последното затворање на вратата“

Тоа беше обично затворање на врата…
Но за мене - тоа беше последниот здив на мојот свет.
Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,
а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот,
заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај.

tatkoto-na-nadica-17-koja-zagina-vo-kochani-go-objavi-nejzinoto-posledno-video-ja-chekam-vo-sonishtata-tamu-kade-shto-ne-gori-03.jpg

Наместо да ја чекам со внуци во прегратка,
јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.
Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка,
наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши.
Помина време, но не и мојата болка.

tatkoto-na-nadica-17-koja-zagina-vo-kochani-go-objavi-nejzinoto-posledno-video-ja-chekam-vo-sonishtata-tamu-kade-shto-ne-gori-02.jpg

Надица, ти остана вечна во моето срце,
во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува.
Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина.
И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам.

Погледнете го видеото во неговата објава на Фејсбук:

Прочитајте и Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небото и знам дека и таму блескаш“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таткото на Надица од Кочани, на денот кога требаше да слави матура: „Каде и да си, за мене ќе си нај... „Домот требаше да е полн со смеа, музика. Требаше да гледам како се подготвуваш,...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Таткото на тапанарот од ДНК се жали: „Не го оставаат гробот на мојот син, имаше 14 кражби - не знам ... Покрај огромната загуба, родител да продолжи да живее без едно од своите чеда, д...
„Куќата без тебе не е куќа, тишината без твојата смеа е потешка од секој крик“ - Таткото на Надица к... „Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите че...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg