„Куќата без тебе не е куќа, тишината без твојата смеа е потешка од секој крик“ - Таткото на Надица која загина во Кочани

„Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите чекори што никогаш повеќе нема да се слушнат“, напиша Алејсандар Наунов, таткото на Надица, во пораката која го кине срецето.

kukjata-bez-tebe-ne-e-kukja-tishinata-bez-tvojata-smea-e-poteshka-od-sekoj-krik-tatkoto-na-nadica-koja-zagina-vo-kochani-01.jpg

Александар Наунов, таткото на Надица, една од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“, често јавно споделува колку му недостига неговата прерано почината ќерка.

На годишнината од пожарот, во кој таа го загуби животот на само 17 години, Александар објави видео на Фејсбук, посветено на Надица.

kukjata-bez-tebe-ne-e-kukja-tishinata-bez-tvojata-smea-e-poteshka-od-sekoj-krik-tatkoto-na-nadica-koja-zagina-vo-kochani-04.jpg

Со емотивни зборови, кои го кинат срцето, Александар ѝ се обраќа на својата ќерка, па напиша:

„Ќерко моја, ѕвездо моја која сјае на небото…

Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден.

Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како да живее со солзите.

Ќерко моја, куќата без тебе не е куќа. Тишината без твојата смеа е потешка од секој крик.

Секое утро се будам со надеж дека ќе те видам, дека ќе го слушнам твојот глас… но наместо тоа, ја гушкам празнината што остана зад тебе.

kukjata-bez-tebe-ne-e-kukja-tishinata-bez-tvojata-smea-e-poteshka-od-sekoj-krik-tatkoto-na-nadica-koja-zagina-vo-kochani-03t.jpg

Една година те барам во соништата, во ѕвездите, во секој ветер што ќе помине.

Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите чекори што никогаш повеќе нема да се слушнат.

Но знај едно, ќерко моја… Ти не си само спомен. Ти си моето срце. Ти си мојата душа.

И додека јас дишам - ќе живее и твоето име.

Почивај мирно, ѕвездо на татко ти. Ќе те сакам до последниот мој здив“.

kukjata-bez-tebe-ne-e-kukja-tishinata-bez-tvojata-smea-e-poteshka-od-sekoj-krik-tatkoto-na-nadica-koja-zagina-vo-kochani-05.jpg

Надица е првото дете на Александар и неговата сопруга Габриела, кои ја имаат и помалата ќерка Анѓела.

Претходно во интервју за CRNOBELO.com, Александар раскажа како ѝ кажале на помалата ќерка дека Надица веќе ја нема и никогаш нема да се врати, но и како учат да живеат со болката по огромната загуба.

Прочитајте и Таткото на Надица, која загина во Кочани, за CRNOBELO.com: „Најтешко беше да ѝ кажеме на помалата ќерка дека сестра ѝ веќе ја нема“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Таткото на Надица од Кочани, на денот кога требаше да слави матура: „Каде и да си, за мене ќе си нај... „Домот требаше да е полн со смеа, музика. Требаше да гледам како се подготвуваш,...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg