Наша адвокатка: „Татковци имаат побарано од мене да ја испитам можноста за откажување од нивните деца - НЕ постои“

4. Изјава дека „се откажува од детето“
Таквата изјава нема правно дејство.
Дури и ако таткото потпише изјава дека:
- Се откажува од детето,
- Не сака да има контакт,
- Се откажува од родителските права,
- Не сака да плаќа алиментација,
Таквата изјава сама по себе не произведува правни последици.
Дали престанува обврската за плаќање на алиментацијата?
НЕ
Таткото останува должен да плаќа издршка сè додека постои законската обврска, без оглед дали има контакт со детето.
Ако целта е детето никогаш повеќе да нема правна врска со биолошкиот татко, тоа вообичаено може да се постигне само преку:
- Посвојување од страна на друго лице, или
- Успешно оспорување на татковството, ако се утврди дека лицето не е биолошки татко со ДНК анализа.
Доколку биолошкиот татко сака доброволно да се откаже од своето дете, одговорот е дека не постои правна постапка во Македонија и таткото НЕ МОЖЕ:
- Да поднесе барање до суд за „откажување од детето“;
- Да даде нотарска изјава со која ќе престане да биде татко;
- Во договор со мајката да ги укине своите родителски права и обврски;
- Со изјава да се ослободи од плаќање алиментација.
Сите такви изјави немаат правно дејство ако не се исполнети законските услови за престанок на родителскиот статус.
Што може да направи?
Ако не сака да учествува во воспитувањето на детето, фактички може да не остварува лични контакти, но тоа не го ослободува од:
- Обврската за издршка (плаќање на алиментација);
- Другите законски обврски како родител“.


С. С. | Црнобело