Даниел Кајмакоски ужива на одмор со сопругата Марина и двете деца - ја бакнува, ја слика на зајдисонце
- Детали
- среда, 08 јули 2026
Tие уживаат во својата семејна идила години наназад и не дозволуваат никој и ништо да им ја разниша љубовта. Повљубени од кога било Марина и Даниел Кајмакоски минаа незаборавни мигови со децата на одмор, по сите непријатни случки.

Даниел Кајмакоски со сопругата Марина и двете деца ужива на море.
Неговата сопруга објави низа фотки оттаму, па од бакнежи и уживање во сладолед до гледање позирање на зајдисонце, тие минаа незаборавни мигови.

Инаку, парот живее по Белград и по сите немили случки изминатиот период, ова им е вистинско полнење на батериите.
Марина Кајмакоска, девојачко Антиќ потекнува од Ранилуг, прекрасно мало место на Косово, а по професија e доктор, специјалист по анестезиологија, реаниматологија и интензивна нега.

„Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 година, кога се натпреваруваше во шоуто „X Фактор“.
Бев воодушевена од целата негова појава. Го следев и навивав за него цело време и мислев колку би било убаво некогаш да го запознаам“, откри за CRNOBELO.com во една пригода Марина.





С. С. | Црнобело