Ксенија Николова доживеа незгода во домот: „Цел тоалет поплавен, чекаме водоводџија, ѕидовите мокри, хаос“
- Детали
- среда, 08 јули 2026
„Замислете, од еден вентил на бојлер да дојде до ова. И вратата од тоалетот е уништена и плафонот треба да се чисти и менува. Да сме живи и здрави, тоа е... Така сум се изнаплакала денес“, емотивно сподели Ксенија Николова и извлече моќна поука.

Ксенија Николова е една од оние личности кои oтворено зборува за убавата, но и за помалку убавата страна на животот и случките од секојдневието.
Па, така наместо совршена слика како многумина што претставуваат на Инстаграм, ги открива и малите борби и нервози од секојдневието.
Овојпат таа се пожали каква незгода доживеала во домот и како дошло до поплавување на нејзиниот тоалет.
Со ова предупредува за поголема внимателност кај другите, но и дека на крајот од денот треба да ги прифатиме работите такви какви што се и наредниот ден повторно да го започнеме со позитивна мисла.

Нејзината објава:
„Цел тоалет поплавен, чекаме водоводџија да дојде, ништо не ми е јасно како и кога се случило ова... Ѕидовите мокри, хаос!
Замислете, од еден вентил на бојлер да дојде до ова..
Среќа што не е направена поголема штета...

И вратата од тоалетот е уништена и плафонот треба да се чисти и менува... Да сме живи и здрави, тоа е.
Така сум се изнаплакала денес, мислам дека сè што држев во себе излезе.
Ваквите моменти многу ме учат и веднаш лоцирам каде грешам.

Поплавувањето на тоалетот и уништување на ѕидовите и од собата до него е симбол за нешто поголемо, а тоа е дека работите ќе се случуваат без разлика на тоа дали сме ние спремни или не.
Во себе препознавам вина што не сум доволно фокусирана понекогаш на основните секојдневни работи, на деталите, на работите покрај кои поминувам секој ден, а не ги ни забележувам.

Повеќето време го поминувам во мислите, можеби ми е тоа деформација од пишувањето, но од дете сум таква.
Ми се случува да не забележам работи што ми се пред нос, а да забележам нешто што речиси сите ќе го ‘промашат’.
Тоа ме прави креативна, интуитивна, но и отсутна.
Си ветив дека ќе работам на тоа.