Хит видео на Ана Стојанова: Како слави жена кога конечно ќе добие добра фотка од одмор
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
Во смарагдни танга бикини таа позира во плиткото, а потоа покажува како повеќето жени слават кога конечно ќе добијат добра фотка од одмор. Се согласувате ли?

Ана Стојанова со фотографот и нејзин пријател Филип Пашоски уживаше на патување во Грција, кое во најголем дел го минаа работно.


Оттаму онлајн фитнес инструкторката сподели забавно видео, во кое ќе се препознаат многу жени.


Во смарагдни бикини таа позира во плиткото, а потоа со Филип слават што конечно има добра фотка.

Кликнете на видеото:
Инаку, Ана неретко јавно ѝ се заблагодарува на својата „армија жени“ кои ја следат и со помош на нејзините програми за вежби и исхрана успешно симнуваат килограми.

Голем дел од материјалот со вежби Ана го снима на атрактивни дестинации, па така пред извесен период беше дури и во фавела во Рио во Бразил.

