Македонијо (нај)убава си: Дечко велосипедист дојде од странство и ни го покажа тоа - дури се бричеше на полјана
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
Шармантниот Матијас од Италија воодушевен од убавината на нашата држава дури и се бричеше на столче во природа со огледало потпрено на дрво и неверојатен пејзаж до кадешто очите му допираат. Македонијо, прекрасна си, но, за жал, подзабораваме... „Македонија не е голема земја, па ја поминав за нешто повеќе од една недела“, сподели тој.

Матијас Трабаљано од Италија веќе 3 и пол години патува низ светот и го открива со велосипед.
Па, така стигна и во Македонија, од каде на својот Инстаграм профил сподели дека носи најубави впечатоци.

Тој се пофали и за топлиот народ што го сретнал, но сподели и кадри од нашата неверојатна природа и нè потсети каква убавина имаме. Му благодариме!

Maтијас спиеше во шатор, а дури објави и како се бричи во природа, со огледало потпрено на дрво и спектакуларен поглед пред него.

Неговата објава за нашата држава:
„312 извозени километри.
Првата земја на Балканот низ која патувавме јас и мојот велосипед Black Pearl (црн бисер).

Македонија не е голема земја, па ја поминав за нешто повеќе од една недела, правејќи и неколку паузи по покана од Македонци.

За толку кратко време имав среќа да запознаам прекрасни луѓе и одблиску да ги почувствувам нивната љубезност и гостопримство. Тоа беше искуство што ќе го паметам.
Ти благодарам, Македонијо!“
Кликнете на неговото видео, кое освестува каква убавина крие нашта Македонија:
Повеќе фотографии од него направени во Македонија:




