Нов веб-сајт на Славчо Попоски за временски прогнози во Македонија и Европа
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
Метеорологот Славчо Попоски го лансира својот нов веб-сајт каде што можете да ги видите неговите временски прогнози.

„Сакам да ви ја претставам мојата најнова и официјална веб-страница која го носи моето име, односно Slavcometeo.mk.
Токму овде ќе можете да ги најдете како и секогаш моите најбрзи, најпрецизни и најреални метео анализи за Македонија и пошироко за регионот и за Европа.
Исто така на оваа моја официјална веб-страница Slavcometeo.mk можете да ги видите моменталните температури и моменталната состојба со времето во сите градови низ Македонија, вклучувајќи и седумдневна метео прогноза за секој град од Македонија посебно“.
Погледнете го веб-сајтот ТУКА.