Елена Најдоски: „Пред 4 години му кажав ‘да’ на мојот омилен човек - Ти благодарам што ги трпиш сите мои расположенија“
- Детали
- сабота, 11 јули 2026
Елена и Бојан по повод годишнината беа на вечера во ресторан со спектакуларен поглед кон Скопје, а Елена за оваа пригода облече впечатлив црвен фустан.

Елена Најдоски веќе 4 години ужива во бракот со саканиот Бојан, а парот, покрај страста за патувања, ја дели и страста за мода.
Од Италија до Франција и Хрватска, тие постојано истражуваат некоја нова дестинација.

По повод годишнината, Елена и Бојан беа на вечера во ресторан со спектакуларен поглед кон Скопје, а Елена за оваа пригода облече впечатлив црвен фустан.


Таа за Бојан напиша:
„Среќна годишнина, љубов моја!
Пред 4 години му кажав „да“ на мојот омилен човек. Ти благодарам што си најдобриот сопруг, мојот најдобар пријател и што ги трпиш сите мои расположенија.
Те сакам!“





