Маја Кикириткова му прослави 40-ти роденден на сопругот - го уреди дворот во куќата од 280m2, му купи скара
- Детали
- петок, 24 јули 2026
„Почнав да ја монтирам сама скарата, стигнав за да го ставам горниот дел, но ми требаше помош некој да држи и ја оставив. Битно ставив панделка на неа“, сподели Маја за роденденскиот подарок за сопругот, а потоа му дуваа свеќички со децата Лазар и Ева.

Маја Кикириткова Трајковски по потекло е од Штип, но живее во Скопје години наназад.
Со сопругот Александар, синот Лазар и ќерката Ева живее во населбата Ѓорче Петров, во куќа од 280 метри квадратни.

Таа постојано работи на уредувањето на домот, а во последно време на дворот.
Клекната на колена Maja бојадисуваше дрвена платформа, на која сега му прослави 40-ти роденден на сопругот.


Со пријатели имаа здравица со шампањ, но и скара како роденденски подарок за нејзиниот сакан... Маја му приреди комплетно изненадување на Александар.
На Инстаграм Маја напиша:
„Влезе во нова декада од животот, да ти се множат годините, да ни бидеш жив и здрав и заедно да славиме до бесконечност.
Среќна 40ка пилче мое.
Те сакаме“.

За скарата Маја напиша:
„Почнав да ја монтирам сама, стигнав за да го ставам горниот дел, ми треба помош некој да држи и ја оставив.
Битно ставив панделка на неа.
Добар роденденски подарок сум купила, да ми готви секој ден“.

