„Топли празници за сите“ - Празнична донација од Стопанска банка АД - Скопје за народните кујни

Овие празници, сите посакуваме радост, љубов и повеќе време поминато со најблиските во топла атмосфера. Поттикнат од овие желби, Управниот одбор донесе одлука Стопанска банка АД - Скопје средствата кои се предвидени за корпоративни подароци да ги посвети на донација за народните кујни.

tpli-praznici-za-site-praznicna-donacija-od-stopanska-banka-ad-skopje-za-narodnite-kujni-01

Со честитката за новата година и претстојните празници сакавме да им овозможиме и на нашите сограѓани, корисници на услугите на народните кујни, услови за празнична трпеза со своите семејства. Токму затоа одлучивме да направиме вредна донација со која ќе допринесеме за заедницата од која потекнуваме,“ Изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД - Скопје.

Во координација со одговорните лица од Министерството за труд и социјална работа избрани беа народни кујни кои имаат најголема потреба од помош во овој период од годината. Оттука, во народните кујни во Општините: Пробиштип (Злетово), Кочани, Чешиново-Облешево, Свети Николе,  Радовиш, Конче, Делчево, Штип, Македонска Каменица и Центар, Скопје Банката ќе достави прехранбени продукти кои кујните ќе ги дистрибуираат до своите корисници од понеделник 30.12.2013година.

Вработени од Стопанска банка АД - Скопје со желба дополнително да ја поддржат акцијата на Банката ќе бидат волонтери во народните кујни и ќе помогнат при дистрибуцијата на прехранбените продукти до корисниците.

На овој начин, вработените и менаџментот на Банката на влезот во 70тата годишнина, заедно придонесуваат во развојот и негувањето на култура на општествено одговорно однесување не само во Стопанска банка АД - Скопје туку и во нашите семејства и заедници каде делуваме.

tpli-praznici-za-site-praznicna-donacija-od-stopanska-banka-ad-skopje-za-narodnite-kujni-02

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава