Пакомак добитник на награда за општествена одговонрост

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак на годинешното доделување на награди за Општествено одговорни компании се закити со статуетка – национална награда во категоријата за заштита на животна средина.

pakomak-dobitnik-na-nagradata-za-opstestvena-odgovornost-01.JPG

Настанот е во органзиација на Министерството за економија на Република Македонија и вкупно беа доделени дваесет и една награда за успешното остварување на одговорни практики во 2013 година, а пријавените компаниите се натпреваруваа во пет различни категории.

Проектот со кој конкурираше Пакомак на овогодишниот натпревар е со наслов  „Чиста околина, чисто училиште, чисти раце“ чија идеја беше подигнување на хигиената во училиштата со донација на течен сапун соглсно нивните потреби и едукација на децата за бенефитите од рециклирањето. 

„Со овој проект сакавме да ги потткнеме децата од најмала возраст да внимаваат на своето здравје грижејќи се за околината во која поминуваат најмногу време, да го селектираат отпадот и да создаваме нови, еколошки едуцирани генерации, кои активно ќе учат дека со селектирањето на отпадот ја зачувуваме природата и дека тој може повеќе пати да се рециклира и да дава нова вредност“, изјави Ико Брдароски менаџер за грижа за корисници во Пакомак.

Резултатите постигнати со наградениот проект беа конкретни и видливи промени врз корисниците, општеството или животната средина.

pakomak-dobitnik-na-nagradata-za-opstestvena-odgovornost-02.JPG

Во рамките на оваа успешна акција беа собрани над 1,5 милиони пластични шишиња или повеќе од 40 тони пластичен отпад од основните училишта од 6 општини: Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Центар и Гази Баба. Отпадот беше однесен на рециклирање, а во тој процес учествуваа сите одговорни граѓани на ова општество од овие општини.

Со проектот директно се ангажираа и информираа над 30.000 семејства во Скопје кои почнаа да го селектираат отпадот и заедно да размислуваат и разговараат за екологијата, за дивите депонии, за идните предизвици на планетата Земја и за тоа како паметно да се селектира отпадот за да добиеме почиста планета, почист воздух, поздрава храна и почисто училиште.

Според истражувањата на „Брима Галуп“ од мај, 2013 година, населението во општините опфатени со проектот е информирано на завидно ниво во врска со селектирањето на амбалажен отпад, потребата од рециклирање, родителите се инфомирани и вклучени во училишните еко-активности на своите деца.

Би можело да ве интересира:

Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg