Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023

„На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме на првиот пациент на кој му направивме трансплантација на црн дроб. Оваа награда е за сите тројца кои досега ги трансплантиравме“, рече Д-р Светозар Антовиќ откако тој и неговиот тим беа прогласени за Мажи на годината 2023.

trojca-doktori-so-zlatno-srce-se-mazhi-na-godinata-2023-01.jpg

Вчеравечер (20.12) во хотелот Хилтон шести пат беа доделени наградите за Маж на годината. На гала вечерта, пред многуте гости, најпрестижната награда ја доби не еден, туку тројца мажи - тимот доктори од Клиниката за дигестивна хирургија - проф. Д-р. Светозар Антовиќ, и неговите колеги Љубомир Огненовиќ и Ќемал Рушити, кои направија три трансплантации на црн дроб оваа година.

По силните аплаузи и овации во салата, тие ја примија наградата, а ја посветија на своите пациенти.

0-02-05-91aec9f95a6d65cc8c08948ec749fdd58ba603b586bd436e6a2bf6b6723a89a8_25f0f762e43.jpg

„Ова е тим на годината. Не знам дали знаете, ние на почетокот на годината добивме и Златна Бубамара на популарноста. Таа награда му ја посветивме на првиот пациент на кој му направивме трансплантација на црн дроб.

Оваа награда е посветена на сите тројца кои досега ги трансплантиравме и за кои се надевам дека се во добро здравје,“ рече Светозар Антовиќ по врачувањето на наградата.

0-02-05-30cdda8f8f5ee8ec80c12ba226489923f63cec7c06e3caf11ef909446a21640d_25f0f7631ec.jpg

Награда доби и Сашко Коцев за најголем придонес во културата, а наградата си ја врачи самиот на себе.

trojca-doktori-so-zlatno-srce-se-mazhi-na-godinata-2023-04.jpg

За маж од областа во спортот награда доби капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓорѓиев, маж со најдобар стил во 2023 е оперскиот пејач Иван Наумовски, а наградата за Маж на годината според социјалните мрежи е Божидар Божиновски.

trojca-doktori-so-zlatno-srce-se-mazhi-na-godinata-2023-06.jpg

За музичкиот дел беше задолжен токму Наумовски, кој испеа неколку песни од Френк Синатра и Елвис Присли, но и пејачките Полина Тасева и Калина Велковска.

IMG_0340.jpg

0-02-05-09d6a64743d41ab5e3a6ad894780a8077f3ef72b7fba48a1f69de1d26cc963c7_25f0f765b70.jpg

0-02-05-21504b9e3f21c20d3392f38107cca8e0aee1e306b315f6d9fc2d9a13bcf69d28_25f0f765368.jpg

0-02-05-96a9cafd51651465f3e1367b0575fc5354957e3410ced6412da6ed1be7ae889a_25f0f75e327.jpg

0-02-05-bddaa9dec533e638614d7dcb15ef0d3f31f0c1497750a140b5b7279a5f14308e_25f0f75f4e0.jpg

0-02-05-d259beeae8351bc56d855c408ea2e6a33e33460f070dc19a13dc5c285c7f6a34_25f0f75e17a.jpg

0-02-05-e21e230895c60308b8d65b7cc86adfd598920d8e07a365777890c9058c384304_25f0f77a7c2_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Е. П. 

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...

Најчитани неделава