Хумани луѓе, успешни трансплантации: Убави моменти во Македонија по кои ќе ја помниме 2023-та
- Детали
- понеделник, 18 декември 2023
Млади генијалци кои освоија награди, хумани луѓе, но и неколку спасени животи со трансплантација на органи – има бројни моменти од 2023-та на кои вреди да се потсетиме.

Полека наближува крајот на 2023 година, па додека ја чекаме новата, сите сакаме да се присетиме на миговите што ќе ни останат во сеќавање од годинава.
2023-та беше далеку од совршена година, но и покрај целата негативност која нè опкружува, дефинитивно имаше и прекрасни моменти кои ни измамија насмевка на лицето.
Дел од убавите мигови по кои ќе ја помниме 2023 година:
Во Македонија беше направена втората трансплантација на црн дроб од починат дарител и на 25-ти јануари пациентот беше пуштен од болница.

4-годишанта Зуле од струмичкото село Моноспитово ја потстрижа долгата коса за да ја донира на дечиња болни од рак. Македонката Сара, пак, која живее во Париз, ја донира својата коса на секои четири години, а истото го направи и во 2023-та.

Панчо и Андреј од ДНК, кои веќе се познати по хуманоста, годинава добија награда за најпопуларна група на Златна бубамара. Статуетката, пак, ја ставија на лицитација и успеаја да соберат 31.000 денари кои беа наменети за фондацијата „Марко Божиновски“. Парите беа донирани од Македонецот Антонио Сандевски кој живее во странство.

Маж од Велес самиот почнал да ги средува летниковците во паркче кај основно училиште бидејќи сакал на децата да им биде убаво. Материјалите ги купувал потполно сам, од неговата скромна пензија.

САНО, здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители, во октомври годинава откри дека мало девојче по име Божица го победило ракот, станувајќи уште едно од многуте дечиња кои успешно ја извојувале битката против болеста.

Малиот генијалец Македон, кој веќе ѝ е добро познат на јавноста, годинава освои неколку медали, вклучувајќи и сребрен медал на натпреварот „Математика без граници“.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025?
„Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето
Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ...
„Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб...
„Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли...
„Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков
Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...