Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков

Потег за почит! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во дискотеката „Пулс“ прво доби перика донација на познатиот фризер Зоки Давитков, а сега, 7 месеци подоцна, откако природната коса ѝ порасна доволно, Зоки ѝ направи и екстензии.

devojka-chija-kosa-izgore-vo-pozharot-vo-kochani-so-solzi-radosnici-zoki-davitkov-i-napravi-nadgradba-01.jpg

Мелиса Велинова, една од повредените во пожарот во Кочани, денес повторно има долга и убава коса.

Нејзината природна коса беше целосно изгорена во дискотеката „Пулс“, на кобниот 16 март.

Брзо потоа, со донација на познатиот фризер Зоки Давитков, таа доби перика.

devojka-chija-kosa-izgore-vo-pozharot-vo-kochani-so-solzi-radosnici-zoki-davitkov-i-napravi-nadgradba-02.jpg

Во меѓувреме, Зоки се грижеше за нејзината коса, која почна да расте, па откако порасна доволно, седум месеци по несреќата, тој ѝ направи и екстензии.

Сега, Мелиса има нова, убава, долга коса.

Видеото од целиот процес, Давитков го објави на Инстаграм, а во него може да се види среќата на лицето на Мелиса, откако се гледа себеси во огледало со долга коса.

devojka-chija-kosa-izgore-vo-pozharot-vo-kochani-so-solzi-radosnici-zoki-davitkov-i-napravi-nadgradba-04_1.jpg

За CRNOBELO.com, Зоки кажа дека Мелиса е ученичка во четврта година и дека годинава ќе биде матурантка.:

„Ние во март објавивме на Инстаграм дека ќе донираме три перики за девојчињата кои останале без коса во пожарот. Имаше многу што се пријавија и ние тогаш дадовме 4 перики, а Мелиса беше една од нив.

Тогаш избравме девојки кои беа најкритично во тој дел, односно имаа изгореници на главата или скроз ја изгубиле косата. Кај Мелиса имаше дупки на делови од косата, поради што мораше да се ишиша кратка и да носи перика.

По седум месеци веќе можевме да направиме надградба.

Секогаш мора да бидеме тука едни за други, да си помагаме, посебно во вакви ситуации да се држиме заедно, зашто никој од нас не знае животот каде ќе го однесе“ - вели Зоки за CRNOBELO.com.

devojka-chija-kosa-izgore-vo-pozharot-vo-kochani-so-solzi-radosnici-zoki-davitkov-i-napravi-nadgradba-04.jpg

Мелиса, пак, ни кажа дека му е благодарна на Зоки за сè што направил за неа.

„Зоки повторно ми ја врати самодовербата, но и вербата во тоа дека сè уште постојат добри луѓе, луѓе со душа и емпатија и јас сум му преблагодарна“ - рече таа за CRNOBELO.com.

Погледнете го видеото:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Зоки Давитков, откако им стави надградба на две девојки кои изгубиле коса во Кочани: „Ни се јави кли... „Вчера добивме повик од наша клиентка која сама се понуди да плати надградба за ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Влатко Лозаноски го покажа синот Марко првпат по 8 месеци, го држи во прегратка и му пее (видео) 8 месеци откако во тајност доби син, Влатко Лозаноски - Лозано првпат го покажа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg