Зоки Давитков, откако им стави надградба на две девојки кои изгубиле коса во Кочани: „Ни се јави клиентка – сака да плати за друго девојче“
- Детали
- вторник, 04 ноември 2025
„Вчера добивме повик од наша клиентка која сама се понуди да плати надградба за девојче од Кочани кое има потреба од коса. Ваквите моменти потсетуваат дека кога правиме добро - го шириме доброто“ - вели Зоки, кој во март донираше 4 перики, а сега им направи надградба на коса на две девојки кои ја изгубија својата во пожарот.

Нашиот фризер Зоки Давитков од Штип, по несреќата која се случи во дискотеката во Кочани, донираше 4 перики за девојчиња кои останале без својата коса.
Сега, 7 месеци подоцна, тој објави две трансформации на девојчиња од Кочани, на кои косата им пораснала доволно за да може да им стави екстензии.
Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков

Станува збор за девојки по име Мелиса и Тамара, а двете му се многу благодарни што им ја вратил самодовербата, но и што покажува дека уште има добри луѓе.
Откако вирално се прошири оваа приказна, сега Зоки сподели уште една убава порака на својот Инстаграм профил.
Ова дело предизвикало добрината да излезе на виделина и кај други луѓе, кои сакаат да донираат надградба на коса за други девојчиња од Кочани.
Објавата гласи:
„Овој тмурен ден сакам да го разбијам со една убава порака и да споделам еден преубав гест од наша клиентка.
Од срце сакам да ви се заблагодарам на сите за огромната поддршка, убавите зборови и енергијата што секојдневно ни ја давате.
Нашата мисија е да им помогнеме на девојките кои ја изгубија својата коса во пожарот во Кочани - да им вратиме насмевка, самодоверба и радост.
Ова не е само работа, ова е љубов, човечност и надеж.
Вчера добивме повик од наша клиентка која сама се понуди да плати надградба за девојче од Кочани кое има потреба од коса.
Ваквите моменти потсетуваат дека кога правиме добро - го шириме доброто.
Да продолжиме сите заедно на правиме убави нешта, да помагаме и да создаваме среќа околу нас“.

Погледнете го и видеото од трансформацијата на Тамара:
M. M. | Црнобело
