Браво, наши медицински лица! Втора трансплантација на црн дроб во Македонија, пациентот си оди дома

Џевдет си оди дома... Емотивни фотографии од испраќањето дома на пациентот на кој му беше изведена втората трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија.

bravo-nashi-medicinski-lica-vtora-transplantacija-na-crn-drob-vo-makedonija-pacientot-si-odi-doma-01.fw.png

Мирјана Бурмузоска, која беше дел од медицинскиот тим, кој ја изведе првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија и при која 60-годишен пациент доби здрав орган од пациентка со мозочна смрт, чие семејство се согласи да ги донира органите, објави уште една среќна вест.

Сега е изведена втора трансплантација на црн дроб во Македонија.

Нејзината објава на Фејсбук гласи:

„Втора трансплантација на црн дроб

Нов почеток за Џевдет. Секоја чест, анестезиолозите и анестетичарите, врската помеѓу сите останати тимови, најбитниот дел од сложувалката наречена трансплантација... За сите дискусии меѓу нас, за сите прочитани трудови, за сите споделени искуства, за сите научени новини, за сите непреспиени ноќи, за сите дилеми и тешки одлуки, за сите падови, за секоја минута во овие 3 недели посветена на пациентот, за трудот на секој од нас за ова да биде успех. За уште многу големи соништа пред нас...

(Сликата е објавена со дозвола од пациентот)

bravo-nashi-medicinski-lica-vtora-transplantacija-na-crn-drob-vo-makedonija-pacientot-si-odi-doma-002.jpg

326214724_454903980056345_7155057297334085536_n.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пејачот Драган Темелков Џони си го зеде бебето дома на Велики петок - стана татко пред Велигден „Господи, во денот на страдањето на Исус Христос, Ти ни подари најголема радост ...
Од семејните албуми на Ребека од ‘80-тите: „Татко ми ги развиваше фотографиите во кујната на јажиња ... „Мојот татко Благоја, црнобелите фотографии ги развиваше дома во кујната и тоа з...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава