„Драган имаше доверба во нас“ - Пациентот кој ја имаше првата трансплантација на црн дроб во Македонија си оди дома

Драган си оди дома... Емотивни фотографии од испраќањето дома на пациентот на кој му беше изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија.

dragan-imashe-doverba-vo-nas-pacientot-koj-ja-imashe-prvata-transplantacija-na-crn-drob-vo-makedonija-si-odi-doma-01.jpg

Мирјана Бурмузоска, која е дел од медицинскиот тим, кој ја изведе првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија и при која 60-годишен пациент доби здрав орган од пациентка со мозочна смрт, чие семејство се согласи да ги донира органите, објави среќна вест.

dragan-imashe-doverba-vo-nas-pacientot-koj-ja-imashe-prvata-transplantacija-na-crn-drob-vo-makedonija-si-odi-doma-03.jpg

Таа објави дека пациентот по име Драган, на кого му беше изведена трансплантацијата, си оди дома.

dragan-imashe-doverba-vo-nas-pacientot-koj-ja-imashe-prvata-transplantacija-na-crn-drob-vo-makedonija-si-odi-doma-02.jpg

Објавата гласи:

„Секој крај е нов почеток...

Благодарност до фамилијата на донорот, до Драган кој имаше доверба во сите нас, до тимот кој е огромен, до моите анестезиолози и анестетичари, до персоналот на Дигестивна хирургија, Неурохирургија, Гастроентерохепатологија, Биохемија, Радиологија, Трансфузиологија и на сите за неизмерната поддршка.

Прва трансплантација на црн дроб и да имаме уште многу во иднина.

(Сликата е објавена со дозвола од пациентот)“

Прочитајте и Наша медицинска сестра, по првата трансплантација на црн дроб, ја доловува ситуацијата од операционата сала: „По 40 часа неспиење, адреналинот нé одржа на нозе“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Драган Спасов Дац со моќна објава за бракот: „Да се живее со човек што го сакате, значи и да се пецк... „Заедничкиот живот во брак не е лесен и тешко е да се одржува во рамнотежа секој...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Пејачот Драган Темелков Џони си го зеде бебето дома на Велики петок - стана татко пред Велигден „Господи, во денот на страдањето на Исус Христос, Ти ни подари најголема радост ...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава