Пакомак организираше селективно собирање и рециклирање на 9.107 тони амбалажен отпад

Само до 1 ноември 2014 година, Пакомак  организираше селективно собирање и рециклирање на вкупно 9.107 тони амбалажен отпад.

pakomak-organizirase-selektivno-sobiranje-i-recikliranje-na-9107-toni-ambalazen-otpad-1.jpg

Со рециклирање само на хартија во 2014 во Македонија, преку системот на Пакомак, спасена е шума од 70,000 дрвја, заштедено е вода потребна да наполни 42 олимписки базени, 4000 тони нафта и заштедена е електрична енергија која би ја потрошиле 3900 семејства во трособен стан во период од една година

Пакомак неодамна ги објави резултатите од напорите за организирана заштита на животната средина за 2014 година. Според последните извештаи компанијата Пакомак покажа дека доколку грижата за планетата земја е секојдневна навика и обврска на секоја индивидуа, компанија или институција, резултатите можат да бидат импресивни и неизбежни. Пакомак уште со самиот почеток на своето работење го прифати предизвикот за зачувување на природните богатства на одржлив начин како и обврската да се грижи и да ја сочуваат природата и околината за следните генерации.

Како резултат на ваквите заложби и вообичаената пракса, оваа година заклучно со 31 октомври, Пакомак преку својата инфрастуктура и со своите соработници организираше селективно собирање и рециклирање на вкупно 9.107 тони амбалажен отпад од кои 4.847 тони хартија, 3.500 тони пластика, како и над 736 тони стакло, дрво, метал, со што се има заштедено околу 70.000 илјади дрва и 4000 тони нафта. До крајот на година се планира да се однесат на рециклирање над 9500 тони амбалажен отпад. Идната година се планирани за 30 проценти поголеми количини, да се соберат и рециклираат.

pakomak-organizirase-selektivno-sobiranje-i-recikliranje-na-9107-toni-ambalazen-otpad-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Тони Зен на семеен одмор во Шпанија – ги покажа тетоважите, ужива со синот кој му го смени животот (... Ги покажа тетоважите на неговото фит тело, носи чадори и торби на плажа, ужива в...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Тони Михајловски (58) со сопругата на премиера во МНТ - Александра пред 6 години се избори со ракот ... Сопругата на Тони Михајловски за периодот на дијагностицирањето откри: „Таа ...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава