Тони Зен на семеен одмор во Шпанија – ги покажа тетоважите, ужива со синот кој му го смени животот (фото)
- Детали
- четврток, 24 јули 2025
Ги покажа тетоважите на неговото фит тело, носи чадори и торби на плажа, ужива во прекрасните плажи со тиркизно море и во моментите поминати со сопругата и синот за кој вели дека му го промени животот – Тони Зен покажа како го поминува одморот на Менорка.

Тони Зен е на семеен летен одмор и објави серија фотки на кои покажа како си го поминува времето.
Минатата година со сопругата и синот уживаа во убавините на Апулија, Италија, а сега го истражуваат шпанскиот остров Менорка.
Синот Јасен си игра со песок на плажа, но и полека почнува да заличува на татко му со стилот и капчињата кои се негов препознатлив знак.

Тони преку фотки и видеа ги долови убавините на островот, тиркизното море, прекрасните погледи кои ги имаат од местата на кои шетаат, но и моментите на уживање во барови и ресторани.

На неколку фотографии Тони ги покажа неговите тетоважи, а позира и со синот, за кого во интервју за CRNOBELO.com има изјавено дека го сменил на подобро.
„Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и со Алф (кучето) - банда сме ептен“.

Прочитајте повеќе: Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“

Погледнете повеќе фотки:









М. М. | Црнобело
