Тони Зен на семеен одмор на Пелопонез: Плива со двете деца, ја шета ќеркичката во кенгур
- Детали
- четврток, 25 јуни 2026
Тони, кој во последно време споделува многу повеќе фотки со децата, овој пат покажа топли семејни моменти од одморот на островот Пелопонез во Грција.

Тони Зен и неговата сопруга Валентина секоја година избираат интересни локации за својот летен одмор, а годинава беа на Пелопонез, првпат како родители на две деца.

Проѕирна вода, прекрасни плажи, убави гратчиња со таверни и шеталишта - сето ова Тони го објави на својот Инстаграм преку фотки и видеа.

Тој покажа дел од убавините на островот, но и идилични семејни моменти - како со ќерката Дена и синот Јасен плива во морето, на семејна прошетка додека ја носи Дена во кенгур, Јасен кој ужива покрај пристаниште.

Фотки објави и неговата сопруга на Инстаграм Стори, а највпечатлива е таа на која се гледа љубовта на Тони ќерката што се роди на крајот на 2025.

Погледнете повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело