Десетина нови канали на „Близу“ : Sportklub HD, N1 и ексклузивните британски број 1 музички канали во понудата на операторот

„Близу“ додаде десетина нови канали во својата програмска понуда - освен враќањето на каналите на Sportklub и додавањето на Sportklub HD, додаде три од планираните пет најгледани британски музички канали кои за првпат ќе се емитуваат на територијата на Република Македонија...

desetina-novi-kanali-na-blizoo-sportklub-hd-n1-i-ekskluzivnite-britanski-broj-1-muzicki-kanali-vo-ponudata-na-operatorot-01.jpg

Скопје, 02.03.2015 година – Телекомуникацискиот оператор од денес ја збогати својата програмска понуда со нови ексклузивни канали, како и со каналите од платформата Sportklub кои повторно се вратени во програмските листи.

„Близу“  денес активира вкупно десет канали од Sportklub платформата, од кои покрај веќе постоечките SK1, SK2, SK3, Ultra, Cinemania и Lov I Ribolov, додаде три нови канали: Sportklub HD кој за првпат се емитува на територијата на Република Македонија, информативниот N1 и Grand Narodna. Каналите ќе бидат распоредени во два пакета кои ќе бидат бесплатно вклучени во одредени пакети на операторот.

Покрај овие канали, „Близу“ ексклузивно ги вклучи британските број 1 музички канали: Smash Hits, Kerrang!, Kiss, а наскоро и каналите Magic и The BOX Africa. Со додавањето на овие канали, „Близу“ стана единствениот оператор во Македонија кој го има интегрирано портфолиото на најгледаната платформа на музички канали во Европа, BOX Television. Новите канали ќе бидат вклучени во пакетот ДТВ плус, каде корисниците ќе ги следат каналите без дополнителна доплата.

„Со вклучувањето на десетте канали од  најгледаната спортска платформа на канали - Sportklub и новите канали од британската платформа на канали BOX, остваривме една од нашите примарни цели - вклучување на што е можно повеќе и што е можно поразлични канали од најдобрите платформи на канали. Ние сме мотивирани да го понудиме најдоброто од светската музичка и спортска сцена и ова е само еден чекор кон остварување на истото“, изјави Искра Секуловска, маркетинг- директор во „Близу“.

Со вклучувањето на овие канали премиум, „Близу“ го најави претстојното зголемување на бројот на канали во својата понуда со каналите Djazz TV HD, Brava HD и Classica HD.

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава