Моден манифест: Last Minute Sale во Скопје Сити Мол со попусти до -70%

moden-manifest-last-minute-sale-vo-skopje-city-mall-so-popusti-do-70-procenti.jpg

Последните недели од ова лето се вистинското време да го освежите гардероберот со нови парчиња облека, весели, маркантни и стилски функционални комбинации, кои ги посакувате цело лето, сега по навистина ниски цени. Деновиве одново може да свратите во Скопје сити мол, каде што ќе наидете на Last minute sale-понудите со широк спектар стилови, актуелни, забавни и естетски возбудливи модни примероци, со кои ќе внесете уживање во секојдневието.

Нема прирачник за тоа како да се биде уникатен и автентичен, со слободен дух и приемчивост кон новите стилови, комбинации и новите модни искуства. Во тој контекст понудата на Last minute sale во Скопје сити мол во периодот од 10 до 21 август ќе овозможи вистински фестивал на модата и фантастично чувство на „сурфање“ по модните содржини со неверојатно ниски цени до -70% попуст, во одредени продавници, на одредени парчиња облека.

А за сите оние што веќе имаат сè, Скопје сити мол нуди и сè друго во над 150-те продавници, каде што потрошувачите ќе уживаат во најдобрите летни понуди на некои од најдобрите локални и интернационални брендови.

„Токму кога не ви е до ништо, со изборот на омиленото парче облека може да внесете возбуда во денот и да си го поправите расположението. Но да се потроши многу не значи и да се има совршен стил. Затоа и овој пат организираме Last minute sale, во кој љубопитните очи нема да испуштат ниту едно фантастично парче гардероба. Секогаш нè радуваат досетливо облечените девојки и момци што комбинацијата ја купиле во нашите продавници за ситни пари. Затоа ги поканувам сите што сакаат да ги купат своите омилени модни примероци за неверојатно ниски цени, да го посетат Скопје сити мол до 21 август и да уживаат во креирањето стилски проникливи комбинации што провејуваат со досетливост, креативност и вештина во спарувањето“, изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје сити мол.

Со Last minute sale Скопје сити мол одново потврдува дека е најмаркантен градски симбол и урбан топоним, едно од моќните модни жаришта, кое ја поддржува и ја унапредува таа позната потреба и вештина да се негува добриот вкус по одлични цени.

А кој може да победи во борбата со ниските цени?

Никој! :-)

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава