Избрани победниците од Trash for art 2016

Заврши и овогодинешниот награден конкурс на уметнички дела од амбалажен отпад во кој беа избрани победниците во категориите градинки, основни училишта и поединци и останати институции што ја најдоа својата инспирација во амбалажниот отпад што вешто го претворија во дела на современата уметност.

I_mesto_kategorija_gradinki.jpg

Во категоријата градинки, прво место и парична награда од 30.000 денари свои ЈУДГ „Буба Мара“ од  Скопје со делото „Новогодишна елка“, а второто место му припадна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија кои освоија парична награда од 20.000 денари за делото „Девојче“.

II_m_kategor.gradinki.jpg

Во категоријата училишта прво место и парична награда од 30.000 денари освои ОУ „Мирче Ацев“  од Скопје за делото „Златна рипка“, второто место го освои ОУ „Кочо Рацин“  од Скопје со делото „Цвеќе“ за кое доби парична награда од 20.000 денари. Третото место го делеа ОУ „Братство Единство“ од Охрид и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје кои освоија по 10.000 денари за своите дела „Фустан Виножитка“, односно „Снешко“.

I_mesto_kateg._ucilista.jpg

II_mesto_kategorija_ucilista.jpg

III_mesto_kategorija_ucilista.jpg

III_mesto_kat._ucilista.jpg

Во категоријата поединци првото место и припадна на Магдалена Нунеска за делото „Икона Св. Никола“ за кое доби парична награда од 30.000 денари. Второто место му припадна на Максим Димитров за делото „Орел“ за кое освои парична награда од 20.000 денари и третото место и 10.000 денари освои Јован Максимоски за делото „Авион“.

I_mesto_kategorija_poedinci.jpg

II_mesto_kateg.poedinci.jpg

3III_mesto_kategorija_poedinci.jpg

„Задоволни сме што и оваа година имавме одличен одзив на креативци, лица со магични раце и вештини за обработка и добивме импресивни творби од картон, лименки, пластични и стаклени шишиња, капачиња, конзерви и друг амбалажен отпад од кеси и обвивки. Очигледно е дека делата произлегуваат од страста и од желбата да се креира нешто корисно од отпадот, но и да се демонстрираат вештините и способностите на овие талентирани еколошки-ангажирани уметници што очигледно вложиле многу труд и посветеност во изработката. Им честитам на сите победници и им благодарам на сите учесници за одзивот и за придонесот во овој убав и корисен награден конкурс“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Пакомак, со организацијата на наградниот конкурс Trash for art 2016 веќе шестта година по ред сака да ги охрабри уметниците да користат амбалажен отпад во својата уметност и со тоа да ги освестат останатите, поттикнувајќи ги на размислување како на креативен начин можат нешто старо и искористено да го претворат во нешто сосема поинакво, ставајќи го отпадот во контекст на уметноста.

Делата од Trash for art 2016 освен што во себе носат сторија за нашите обичаи и практики како општество, ќе останат како важни обележја и чувари на животната средина. 

Повеќе информации за победничките дела на наградниот конкурс на следниот линк: Trash for art 2016

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава