Отворен ден во Макпрогрес Виница

Македонската кондиторска компанија Макпрогрес Виница организираше отворен ден за медиуми. Целта е да се покаже транспарентност и општествена одговорност, Новинари од повеќе македонски медиумски редакции имаа можност да поразговараат со дел од менаџерскиот тим, да се запознаат подетално со брендовите и активностите на оваа наша успешна компанијата, идните планови и стратегии за развој, и да ги посетат неколкуте производни погони каде се произведуваат слатките производи од линијата на Винчини. Имаа можност одблиску да се уверат во софистицираниот и автоматизиран процес на производство, каде се е беспрекорно чисто, и каде се имплементирани највисоките безбедносни стандарди за производство на храна.

otvoren-den-vo-makprogres-vinica-01.jpg

Во управната зграда медиумите беа информирани дека во првиот квартал на 2017 година Макпрогрес од Виница оствари пораст на вкупните продажби за 6,3% во однос на првиот квартал во 2016 година, што навестува дека и во 2017 година Макпрогрес има основ да очекува нов рекорд во работењето.  Ова се должи на пораст на продажбите на извозните пазари и тоа за 9,5 %. Беше истакнато дека производите најмногу се извезуваат во соседните земји. Во Словенија најприфатени се Винчини Вафлите и Наполитанките, а во Романија најмногу се конзумираат ролатите на Винчини и тоа фамилијарните пакувања. Исто така се информираше дека на домашниот пазар е остварен пад во продажбите за 2,8% и тоа во месец март кога се почувствува и намалување на побарувачката. Компанијата работи со 80% искористеност на производните капацитети.

Според Глигор Цветанов Извршен Директор во Макпрогрес Виница, и останатите домашни компании имаат пад во продажбата на домашен пазар што наведува на заклучок дека актуелната политичка нестабилност влијае и врз целокупната потрошувачка во Република Македонија. Според него плановите на компанијата се да продолжи агресивно да се развива на извозните пазари но и да стави поголем фокус на домашниот пазар со поголема маркетиншка присутност и со подобрена комерцијална структура.

otvoren-den-vo-makprogres-vinica-2.jpg

2016 година е најуспешната година во 26 годишното постоење на компанијата Макпрогрес од Виница во поглед на остварените продажби особено на странските пазари. Годината је карактеризираше и висока ликвидност и стабилност но поради зголемени трошоци помалку профитабилно работење во однос на 2015 година. Главен пораст на трошоците се должи на зголемените цени на сировините, а посебно шеќерот како и растот на платите и другите давачки за вработените.

Со своите 550 вработени, компанијата оствари производство од 14.500 тони на различни производи, од кои 80% наменети за странство, остварувајќи 6% раст на извозот во однос на 2015 година.

Трендот на раст се должи на континуираните инвестиции во нови производни капацитети, зголемување на асортиманот на производи како и на континуираните подобрувања во сите сегменти од работењето. 2016 година ја одбележаа и  зголемување на бројот на вработени, и лансирање на неколку нови производи меѓу кои Триофино, Твингерс, Наполитан коцки и Тортина плус со нов вкус на портокал.

Макпрогрес е успешна семејна компанија која во своето 26 годишно постоење преку континуирани инвестиции и висока стапка на раст стана една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија. Во производното портфолио има преку 300 најразновидни прехранбени производи кои се пласираат под 5 главни брендови (Vincinni,Vincinni Finest, Armonia, Сончева Долина и Natura) како и педесетина суб-брендови.

Со сите остварени инвестициски зафати особено последниве неколку години Макпрогрес се повеќе ја добива посакуваната физиономија на модерна, брзорастечка индустрија, пример за успешност  и професионалност не само во Македонија туку и во светски рамки.

Макпрогрес е силно извозно ориентирана компанија со редовно присуство на пазарите во над 55 држави ширум светот. Брендот Винчини е своевиден пионер - Амбасадор на кондиторската индустрија кој прв отворено се осмели да излезе на странските пазари и преку организиран и системски пристап да креира перцепција на Македонската кондиторска индустрија како квалитетен и конкурентен играч во регионални и светски рамки. 

otvoren-den-vo-makprogres-vinica-3.jpg

Минатата година беа освоени и нови пазари како: Кина, Хонг Конг, Либан, Јемен, Малдиви, истовремено одржувајќи стабилен раст кај сите топ 15 земји меѓу кои особено кај оние од Балканските земји каде Макпрогрес е најмногу застапен а производите се препознатливи.

Стратешка определба е во блиска иднина да се освојат повеќе западно европски земји со фокус на Португалија, Шпанија, Германија, Шведска, Данска, Норвешка, Англија како и на прекуокеанските земји.

Компанијата минатата година се претстави и на најголемиот светски саем за кондиторски производи - SIAL во Париз што овозможи да се добијат нови клиенти во веќе постоечките држави како и пласман на нови пазари како Јемен и Мароко.

Компанијата и понатаму како своја стратегиска определба ќе ги следи сите светски иновативните искуства и знаења за трендовите во производството на храна, ќе ги анализира потребите на потрошувачите, со цел воведување на нови производи и подобрување на квалитетот на постоечките.

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...

Најчитани неделава