Нова услуга од Шпаркасе Банка - СМС-известувања

Започнувајќи од 01.04.2017 г. Шпаркасе Банка Македонија воведе нова услуга, со која им овозможува на своите клиенти користење на услугата СМС-известувања. Со испраќање СМС-пораки на мобилниот телефонски број на корисникот, клиентите може да бидат постојано во тек, да ги следат и да ги контролираат  трансакциите направени со платежните картички од Шпаркасе Банка!

nova-usluga-na-shparkase-banka-sms-izvestuvanja-001.jpg

Понудата е достапна за сите физички лица, кои отсега имаат можност да добиваат

СМС-известувања за промените на трансакциската сметка како и за различен тип трансакции:

  • СМС-известување за прилив на трансакциска сметка
  • СМС-известување за трансакции со платежни картички
  • СМС-известување за важност на картичка (на првиот работен ден од месецот кога истекува картичката)

СМС-услугата носи многу предности за клиентите на Банката, во земјата и во странство. На пример, корисникот добива СМС-известувања за какви било реализирани трансакции на кое било место во светот! Дополнително, корисниците добиваат известувања што придонесуваат за побезбедни и посигурни трансакции: навремена информација и спречување злоупотреба на картичката, известувања за секој прилив на трансакциската сметка, информација за истек на важноста на платежната картичка, дополнителна безбедност при вршење трансакции.

Воедно, корисниците ќе можат да се запознаат со сите новости и најнови производи од Шпаркасе Банка преку промотивните известувања по СМС.

ПРОМОТИВНО до 31.05.2017 г. - сите клиенти што ќе аплицираат за услугата СМС-известувања, добиваат бесплатно користење на услугата до истекот на третиот месец од аплицирањето!

Дополнителни информации за оваа понуда можете да погледнете на веб-страницата на Шпаркасе Банка Македонија или во која било експозитура на Банката.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14,4 билиони евра, 2.339 вработени и 239 експозитури опслужува околу 680.700 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Иван Јованов, по врската со Антониа Гиговска, очекува дете со новата девојка - направи забава за отк... Иван Јованов, вокалистот од „Либеро Бенд“ ја изненади јавноста со веста дека има...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg