Како најдобро и најбрзо вашето дете да го научи германскиот јазик?

Германскиот јазичен центар е конципиран како едукативен центар за интензивно и активно изучување на германскиот јазик и запознавање на германско-јазичната култура за сите јазични нивоа и возрасни групи преку најразлични форма на настава – групна или индивидуална настава со интензитет согласно барањата и потребата на слушателите.

9-godini-ljubov-kon-germanskiot-jazik-i-kultura-germanski-jazicen-centar-01.jpg

Овој септември истиот активно ја започнува новата десетта учебна година, а со тоа и новата генерација ученици во дневниот престој кои интензивно ќе го изучуваат германскиот јазик и култура.

Во склоп на Германскиот јазичен центар веќе 9 години покрај различните курсеви за изучување на германски јазик функционира дневен престој за деца од одделенска настава со програма за секојдневно интензивно изучување на германски јазик и усвојување и утврдување на сите училишни наставни содржини.

Иницијална идеја при конципирањето на дневниот престој е на децата од одделенска настава да им се овозможи совладување на германскиот јазик на нивото на нивните врсници во земјите од германско-јазичното подрачје. Покрај класичната настава често организираме тематски креативни работилници, денови за посета на објекти од важност за културата и социјалното живеење, а во деновите со добри временски услови правиме прошетки на отворено во локалните паркови и игралишта.

Билингвалниот процес на учење и воспитување на деца од училишна возраст од прво до петто одделение е усогласен на македонските и германските стандарди за учење и воспитување. Низ различните наставни активности се стимулира раниот когнитивен, како и развојот на фината моторика.

Во процесот на селекција на наставниот  материјал се вметнати скоро сите области од школската програма и општите познавања. Интерактивниот пристап, детските цртани и филмови, како и изучувањето на песнички и театарски извадоци допринесува за спонтано усвојување на јазикот.

9-godini-ljubov-kon-germanskiot-jazik-i-kultura-germanski-jazicen-centar-03.jpg

Дневниот распоред на децата од дневниот престој опфаќа нивно преземање од училиште во согласност со смената. Во склоп на згрижувањето постои можност за топол оброк пред или по училиште, кој е во вид на кетеринг услуга од добавувач или ланч-пакет подготвен од Ваша страна.

Во подоцнежните активности предвиден е час по германски јазик од 60 или 90 минути, по договор со родителите, факултативно прошетка на отворено, како и изработување или довршување на училишните обврски.

По завршените обврски на децата на располагање им стојат голем број на едукативни игри и материјали. Времето пред преземањето од страна на родителите е предвидено за слободни активности.

За успешното спроведување на наставаната програма е одговорен тим од професорки по германски и македонски јазик. Мотивацијата на нашите слушатели и поттикнувањето на љубов кон германскиот јазик и култура е наш основен предизвик. Специјализираноста за германски јазик е нашата особеност, која е и наша дополнителна обврска и предизвик во промоција на германскиот јазик.

Единствениот и непосреден пристап во комуникацијата со нашите слушатели, искусниот кадар и современите материјали и наставни методи се причина за нашиот досегашен успех. 

9-godini-ljubov-kon-germanskiot-jazik-i-kultura-germanski-jazicen-centar-02_copy.jpg

Германски јазичен центар
бул. Климент Охридски бр.22
1000 Скопје, Македонија
тел./факс: + 389 2 31 123 00, 072 252 661
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Facebook: https://www.facebook.com/events/1419767821377277/

Би можело да ве интересира:

7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
„Нека Бог ве води“ - Атрактивната водителка, Емакулате од Кенија, позираше новогодишно со сопругот М... „Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заед...

Најчитани неделава