„Нека Бог ве води“ - Атрактивната водителка, Емакулате од Кенија, позираше новогодишно со сопругот Македонец
- Детали
- среда, 31 декември 2025
„Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заедништво. Низ секој подем и пад, љубовта нè носеше напред и заедно издржавме“, вели Емакулате Вандера Блажеска, Кенијката која веќе седум години живее во Скопје и снима хит видеа со својата свекрва Македонка.

Емакулате Вандера Блажеска, Кенијката која веќе седум години живее во Скопје, направи новогодишна фотосесија со сопругот Михајло и ќеркичката Дариа.

Емакулате со своите забавни видеа (меѓу кои и оние со свекрвата) стана ѕвезда на социјалните мрежи, а веќе извесен период ја гледаме и во улога на водителка на нашите ТВ екрани.
Кликнете на видеото:
За нејзината улога на водителка, Емакулате во интервју за CRNOBELO.com во една пригода откри:
„Искрено, отсекогаш сум имала желба да бидам водителка или да работам нешто што е поврзано со шоу бизнисот, но некако тргнав по друг пат во кариерата и станав учителка, секако и моите родители имаа улога во тоа.
Нормално дека ја сакав мојата работа како учителка, но длабоко во мене чувствував дека тоа можеби не е за мене“.
Сега, во Македонија таа ја работи својата работа од соништата.
Сега, по повод новогодишната фотосесија таа напиша:
„Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заедништво.

Низ секој подем и пад, љубовта нè носеше напред и заедно издржавме.

Благодарна за секоја лекција, секоја насмевка и секој момент што нè доведе до тука.

До моето семејство и моето Инстаграм семејство: нека оваа година ви донесе мир, здравје, раст и безброј причини за насмевка.
Нека ве обвие со љубов, нека го заштити она што ви е најважно и нека ве потсети колку сте навистина благословени.

Нека Бог ве води и ви подари мир во годината што доаѓа.

Со вера во срцето и љубов во прегратките, ја пречекувам Новата година.
Наздравјe!“





С. С. | Црнобело
