Стартува најголемата кампања за гурмани во градот!

(Скопје 05.06.2017) Водечкиот сајт за попусти и воедно лидер во е-трговија - Grouper.mk ја најавува новата кампања  - “Недела на храна” под слоганот Скопје гурман ти ќе бидеш”.

skopje-gurman-startuva-kampanjata-koja-ke-go-pretvori-gradot-vo-najgurmansko-mesto-dosega-01.png

“Kампањата “Недела на храна ќе го претвори Скопје во најгурманско место до сега преку понудата на над 100 зделки по непобедливи промотивни цени од преку 50 локални ресторани. Oние кои не следат знаат дека ниедна наша кампања не поминува без подароци и предизвици па така и оваа кампања ќе биде полна со изненадувања. Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании.” - раскажува Нина Ангеловска, генерален менаџер на Grouper.mk

Песната “Скопје младост ти ќе бидеш” е инспирација за овогодинешниот слоган #СкопјеГурман (ти ќе бидеш), a видеото за најава на гурманската кампања го подготвивме заедно со тимот на Reborn.

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Grouper Недела на Храна #СкопјеГурман

? Скопје гурман ти ќе бидеш! ? Спреми се за ? GROUPER Недела на храна! Највкусната, најголемата, најгурманската кампања во градот стартува од 5ти Јуни! Над 100 зделки | над 50 ресторани | фото натпревар | подароци #СкопјеГурман Те поздравуваме со нашата гурманска најава зготвена со Reborn Дознај повеќе тука https://blog.grouper.mk/nedela-na-hrana/

Posted by Grouper.mk on Monday, May 29, 2017

Недела на храна” е единствена кампања во градот која ги обединува скопските ресторани и служи како гурмански водич. На граѓаните им овозможува да откријат нови места, да посетат голем број ресторани, да пробаат различни вкусови и сѐ тоа по промотивни цени со попуст. Од Grouper велат дека ќе следи месец во кој готвењето ќе биде ставено на мирување и ве повикуваат да се препуштите на дегустации и уживање во различни вкусови и локали.

Дел од рестораните кои ќе имаме прилика да ги посетиме со “Недела на Храна” се: ФОРЦА бар & ресторан, SushiCo, Veneto City Mall, Италијански ресторан “Кај Џино”, Squeeze Me, Ќебапчилница “Тетекс”, Мекиците од Стража, Хотел ресторан “Senigallia”, Public Room, Рок Кафана Рустикана 2.0, Радост и многу други деликатесни места кои ќе ги отворат вратите за сите Grouper гурмани.

Гурманските зделки се категоризирани во мени кое ќе биде објавувано во текот на една недела додека рокот за користење ќе биде до средината на месец јули. Понеделник започнува со Pizza & Pasta, вторникот е најавен како ден на бургери, а вкусната недела ќе продолжи со азиска храна, BBQ месо & риба, десерти, салати и мезиња и hangover појадоци & veggie bar.

skopje-gurman-startuva-kampanjata-koja-ke-go-pretvori-gradot-vo-najgurmansko-mesto-dosega-02.png

За инстаграмџиите кои не ја пробуваат храната пред да ја фотографираат ќе има ФОТО НАТПРЕВАР на Instagram & Facebook преку кој ќе се одберат најдобрите 10 фотографии од Недела на Храна поставени со хаштагот #СкопјеГурман + локацијата на ресторанот, кои ќе бидат наградени со вредни Делимано подароци.

На крајот на вкусната кампања, Grouper заедницата ќе ги одбере најдобрите ресторани во повеќе категории.

Повеќе информации за кампањата може да најдете на нивниот блог.

skopje-gurman-startuva-kampanjata-koja-ke-go-pretvori-gradot-vo-najgurmansko-mesto-dosega-03.png

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава