Пивара Скопје го отстапи својот медиумски простор и продукциски буџет на младите креативци чии приказни инспирираат

Средствата за продукција на нов рекламен спот, како и медиумскиот простор за промоција на Скопско Smooth, Пивара ги пренасочи кон креативна платформа која ќе и ги претстави на јавноста талентите од новата генерација.

pivara-skopje-go-otstapi-svojot-mediumski-prostor-i-produkciski-budzet-na-mladite-kreativci-cii-prikazni-inspiriraat-01.png

Пивара Скопје со Скопско Smooth започна автентична кампања во форма на креативна платформа, во чиј фокус се инспиративните приказни на млади фотографи, ликовни уметници, активисти, блогери и сите оние кои се желни да “зборуваат гласно“ и да бидат препознаени. Во периодот што следи, телевизиските минути за реклами, популарните веб портали и каналите на социјалните мрежи на Smooth, ќе бидат исполнети со позитива, со поттикнувачки примери и прекрасни млади луѓе од земјава.

Целта на Пивара Скопје е, да ги поддржи младите луѓе, да ги охрабри и промовира на начин кој им е неопходен на почетокот на нивните кариери, овозможувајќи им простор за изразување каде ќе ги промовираат своите идеи и таленти.

Скопско Smooth со оваа креативна платформа застанува зад сите ентузијасти кои креираат, творат и блескаат со оригинални идеи. Oтворен е и микро веб сајт на кој младите луѓе со ваков опис можат да се пријават и да ја раскажат својата инспиративна приказна, а СКОПСКО Smooth ќе ги промовира во јавноста преку своите медиумски канали. И оние посрамежливите и оние непотребно самокритични, кои секако заслужуваат за нив “да се чуе“, може да ги пријават нивните блиски.

pivara-skopje-go-otstapi-svojot-mediumski-prostor-i-produkciski-budzet-na-mladite-kreativci-cii-prikazni-inspiriraat-02.png

Скопско Smooth е првото пиво во Македонија произведено со најнова технологија на ладна филтрација, резултат на 90 –годишната традиција на Пивара во усовршување на процесот на производство. Благодарение на напредниот процес на ладно филтрирање, носечки карактер на пијалокот е свежината, што остава впечаток на штотуку наточено пиво, со мазен рафиниран и освежувачки вкус, помала горчина и газираност.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава